Студените и дождливи есенски денови се совршени за гледање на романтични филмови со интересни љубовни приказни, кои ќе ве разнежнат и ќе ви го стоплат срцето. Направете си соодветна атмосфера и одберете еден од овие филмови и уживајте во вечерта!

Me before You

Филм за момче коешто останува парализирано и ведра девојка којашто е вработена да се грижи за него. Љубовна приказна којашто ја раскажува врската помеѓу двајца млади луѓе и која навистина ќе ве растажи.

The Best of Me

Филм во кој се раскажува за љубов од средношколските денови. Маж и жена одат на посета во родните градови и се сретнуваат повторно по долги години. Таа средба ќе ги потсети на старите чувства и ќе ги промени нивните животи.

Winter’s Tale

Приказна за вистинска љубов, којашто се случува во Њујорк и е поразлична од реалноста. Крадец се заљубува во богата девојка, којашто ќе почине во неговите раце. Со помош на реинкарнација тој ќе се потруди да ја спаси.

Love and Friendship

Романтична комедија во која се раскажува за жена којашто останува вдовица и одлучува да најде маж за себе и за својата ќерка.

Love, Rosie

Приказна за млади луѓе кои се пријатели целиот свој живот, но од различни причини не се заедно. Навистина интересна љубовна приказна на којашто со нетрпение ќе чекате да го видите крајот.

Remember Me

Романтична драма којашто раскажува за Тајлер, чијшто родители се разведуваат по самоубиството на неговиот брат и Али, којашто е сведок на убиството на сопствената мајка.

One Day

Декстер и Ем се двајца млади луѓе кои откако ќе поминат една вечер заедно одлучуваат секоја година на истиот датум да се сретнуваат и да си раскажат за своите животи измината година. Но, некогаш се заедно на тој ден, а понекогаш не се.

The Vow

Романтична драма за вистинска љубов. Откако сопругата ќе доживее сообраќајна несреќа и целосно ќе ја загуби меморијата, нејзиниот сопруг секој ден го поминува трудејќи се да го освои повторно нејзиното срце.

The Age of Adaline

Млада жена родена во 20-тите години на минатиот век, откако ќе доживее сообраќајна несреќа престанува да старее. По толку многу години таа останува млада и запознава човек кој ќе го искомплицира нејзиниот досегашен живот.

New York, I Love You

Интересен романтичен филм во којшто се испреплетени повеќе љубовни приказни кои се случуваат во еден од најубавите градови во светот, Њујорк.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа