Vip

Луѓето кои се родени во декември се родени во хороскопскиот знак Стрелец или Јарец. Едно истражување покажало дека децата родени во овој период се многу помирни и подисциплинирани.

Кои се нивните останати особини?

1-8 декември

Родените во овој период се цврсти луѓе. Столбовите на нивниот живот се изградени од доследност и стабилност. Некои луѓе мислат дека тие се арогантни, но всушност тие се полни со здрава самодоверба поради која луѓето кои се емотивно послаби ги доживуваат како полни со себе. Имаат изразена силна волја и се одликуваат со храброст. Друштвени се и сакаат да бидат помеѓу луѓе.

9-15 декември

Ако ви е потребен човек за конструктивен разговор или рамо за плачење, тогаш личностите родени во овој период се совршени за вас. Тие се одлични во давање совети и тие се многу силни и без проблеми се соочуваат со животните препреки. Снаодливи се при решавањето и на туѓите, но и на своите проблеми. Одлучни се и посветени на остварување на своите цели.

16-22 декември

Тука зборуваме за среќниците ви животот. На нив среќата им е јака страна. Тие се независни индивидуалци кои веруваат во слободата и го живеат животот според своите правила, не оптоварувајќи се со мислењето на другите луѓе. Тие се длабокоумни и одлично се снаоѓаат во работи кои бараат добра концентрација. Имаат развиена смисла за мода и секогаш привлекуваат внимание со своите модни комбинации.

23-31 декември

Тие се многу чувствителни и друштвени, а таа комбинација придонесува за нивната посветеност на семејството и пријателите. Кога станува збор за пријателите, тие се многу пребирливи и не дозволуваат туку-така некој да им влезе во животот, но кога ќе го направат тоа, тоа значи дека сте ја добиле нивната доверба. Креативни се и полни со одлични идеи и обожаваат да патуваат.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila