Скорпијата е еден од најмоќните знаци во хороскопот, кој создава страв кај другите. Лицата родени во овој знак се најлојалниот пријател и најлош непријател кој можете да го имате. За нив нема „статус кво“ - или ги сакате или се плашите од нив.

Детерминирани секогаш да успеат, Скорпиите секогаш се насочени кон тоа. Тие се фокусирани на тоа што го сакаат и никогаш ништо нема да ги запре да ја постигнат таа цел. Во љубовта, штом засакаат, тие се посветуваат целосно. Нивната посветеност е огромна и присутна секогаш и во добро и зло.

Не се заљубуваат лесно и штом се заљубат, треба да знаете дека секој дел од нивното срце го носи името на личноста која ја сакаат. Секое ветување кое ќе го дадат, го исполнуваат поради огромната љубовта која ја имаат. Кога една Скорпија е заљубена, таа не ја крие длабочината на нејзините чувства и никогаш не прави работи кои ќе ве збунат.

Заљубената Скорпија ќе се труди да биде присутна во сите аспекти на животот на личноста која ја сака. Тие не дозволуваат ниту една бариера да стои меѓу нив и личноста која ја сакаат и затоа ќе направат се што е потребно за да ги елиминираат сите работи кои пречат во љубовта.

Во модерниот свет на врски, врската со една Скорпија е вистинска потврда за љубовта. Скорпијата не игра игри и влегува само во врска со личност која навистина ја сака и ѝ значи. Кај нив не постојат игри и непредвидливо однесување. Не се заљубуваат бидејќи така треба или им е досадно. Тие се многу искрени за своите чувства и кога ве сакаат, едноставно знаете.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium