Оние кои се родени во зима, се помалку сложени и холерични од оние кои се родени во други годишни времиња. Сепак, во ова време од годината немате многу сонце. Ова е причината зошто оние кои се родени во зима се изложени на потиснато расположение и депресија.

Но зимата „носи“ талентирани, длабоки луѓе, кои истовремено се тврдоглави, горделиви, но и противречни. Велат дека е тешко да ги збуните и не се штедат кога сакаат нешто да постигнат. Тие обично се добри раководители, а често се одлични и во егзактните науки. Работат на места на кои е потребна силна волја, издржливост и истрајност.

Каков им е приватниот живот?

За разлика од јавниот живот, во приватниот живот се среќаваат со потешкотии. Не им е лесно да живеат во семејство затоа што имаат заповеднички карактер и се расправаат за секакви ситници. Мажите имаат тврд карактер и не сакаат да се потчинуваат.

Непредвидливи се во своите постапки, а понекогаш се агресивни поради што и самите можат да настрадаат. Кога ќе се напијат сакаат да се расправаат. Од друга страна, кај жените се појавува комплексен карактер во кој е изразена храброста.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium