Љубов: Оваа недела ќе биде „што на ум, тоа на друм“. Ако не сте задоволни со врската ќе раскинете, а доколку не сакате да раскинете, ќе го натерате партнерот да ги исполни вашите барања.
Работа: Промените ќе направат збрка во вашето секојдневие. Ќе морате да се прилагодите на новиот шеф или некој нов колега или некој поинаков ритам на работа. Можно е и да добиете работа која реално не би требало да ја правите вие.
Совет: Ова е недела одлична за да почнете со диета или да се откажете од цигарите.