“Hardfaced“ е формиран почетокот на 2004 во Охрид, Македонија. Шест другари под влијанија на различни музички стилови како хардкор, метал, панк и хип хоп создадоа оригинален и препознатлив хардкор/метал звук.

Во 2007-та со следнава постава: Диме – вокал, Климо – вокал, Горан – гитара, Јован – гитара, Игор – бас и Бојан – тапани, го снимаат и сами го издаваат првиот деби албум со наслов “More than hate”. Албумот добива одлични критики на Македонската и Балканската андерграунд сцена и е комплетно распродаден. Истата година е реиздаден и во Бугарија преку “Years of Pain records”. Следат неколку настапи ширум Бугарија и Србија, а песната “Hope” се појавува и на Балканска хардкор компилација издадена во Белград. Албумот е промовиран низ цела Македонија. Во 2008, точно пред да влезат во студио да го снимат вториот албум, Бојан го напушта бендот. На негово место доаѓа Јордан кој внесува нова свежина, цврстина и стабилност во бендот.

Конечно во 2009 повторно влегуваат во “Krecho Sound Studio” и го снимаат вториот долго свиречки албум со наслов “Show them what they fear” кој ќе биде издаден во текот на ноември 2010. Од 9 до 12 септември 2010 започнува нивната мини турнеја низ Србија а исто така наскоро ќе излезат и нивните нови маици. Бидејќи нарачките сè уште траат доколку сака некој може да пише на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Дел од новиот материјал може да го слушнете на http://www.myspace.com/hardfacedmk.

Уживајте!!!

hardfaced

Т.В | бркај работа

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа