Во рамките на нивната европска турнеја полскиот бенд Keira Is You на 27-ми септември ќе настапи во Скопје, во барот Ла Кања.
Keira Is You е нов бенд на Jakub Radomski, поранешен лидер на бендот Hariasen. Radomski на турнеите низ Европа има настапувано на исти сцени со бендови како The Appleseed Cast, Engine Down – два бенда со кои и најмногу ги поврзуваат Keira Is You, но и со позвучнии имиња како dEus, Placebo и The White Stripes.
Дебитантскиот „Nothing Else Will Happen” беше објавен на 12 октомври 2009 од страна на независната етиката Daydreem Records.

На албумот се приметуваат широки ексепериметални елементи како детски хорови, се чувствува влијанието на њу вејвот од осумдесетите особено преку употребата на синтисајзери и виолончела. Кратко по објавувањето на албумот бендот замина на турнеја со шведскиот бенд Jeniferever, кој имавме можност да го слушнеме во живо во Скопје минатата есен.
Локална поддршка: SLUDGE & STRANGLED MUTE
SLUDGE се млад гранџ бенд кој за две години ја изненади македонската публиката со многу настапи и фестивали тука и надвор од Скопје. Со примесите на хардкор и метал придонесоа нова свежина на сцената.
STRANGLED MUTE преставува најнов проект на Јана Узунова, за кој допрва ќе се слушаат позитивни критики. Овој концерт воедно преставува нивни прв настап. 
Влезницата за концертот чини 150 денари, а настанот ќе започне во 21 часот.

Концерт на Keira is you во ла кања 1

Т.В | бркај работа

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа