Thames meets the BridgeВечерва е последната рунда во Кастро или поточно последниот авторски концерт во истиот клуб, на кој Фонија, Heart Stroke, Generiss, Never Mind и Picket ќе се обидат да ве нокаутираат. Бранот што никој не го очекуваше е слоганот кој се провејува заедно со вечерашниот „Thames meets the Bridge Festival 2011“.

Организатори на овој концерт се гитаристот на „Фонија“, Дени Крстев и гитаристот на "Sludge", Бранко Аврамовски. Нивната идеја е да се покаже дека постои нов бран на музика и групи кои многумина не ги знаат. Се работи за бендови кои прават одлична музика, кои на овој начин би можеле да се промовираат. Според зборовите на гитаристот на Фонија, Дени, овој фестивал нема да биде прв и последен. Тој се надева дека овој настан ќе стане традиција и ќе се одржува секоја година.

Вечерва во клубот Кастро ќе можете да ги видите и нормално слушнете следниве бендови:

Фонија: http://www.facebook.com/pages/Fonija/75126990750?ref=ts

Heart Stroke: http://www.facebook.com/pages/Heart-Stroke/115539485133550

Generiss: http://www.facebook.com/pages/Generiss/159158630779150

Never Mind: http://www.facebook.com/pages/Never-Mind/111716765542471

Picket: http://www.facebook.com/pages/Picket/124768820890403

На концертот ќе бидат присутни All Together Distro и Анархистички Фронт. Вратите на клубот ќе бидат отворени од 20 часот, а цената на влезницата е 150 денари. 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа