vreme-na-vreme

Поминуваат деновите. Еве веќе е 25 Октомври,а толку многу работи се промениле. Мирисот на старите пријателства е изгубен некаде далеку, а спомените полека го губат своето вистинско значење. Овој ден, минатата година. Колку многу нештата беа поинакви, поедноставни.И би сакала сето тоа да го кажам, но не можам. Знам дека тебе воопшто не ти е гајле за моите чуства. Па, затоа пишувам.

Со време човек се навикнува на сè. Дури и на работите кои ги изгубил. Сите таа реченица, таа фраза ја кажуваме многу лесно, но тешко е да ја примениме. Времето ги лечи раните, но дури и на времето му е потребно време. А јас, толку упорно тврдам дека можам да надминам сè. Но не можам. Не можам да поверувам дека личностите на кои најмногу си им верувал, ќе те напуштат кога најмалку очекуваш. Не можам да се навикнам на фактот дека сè што е убаво кратко трае, и дека можеби некогаш бајката станува реалност но само за кратко. Да нè воздигне до небото, за потоа да нè спушти на земјата. И да нè разочара. Затоа што реалноста сепак не била таква каква што сме замислувале.

Некои нешта, можеби е подобро да останат само во сеќавањата. Затоа што на ниту едно друго место не може да се сместат. Да, сеќавањата. Оние драгите, оние болните. Кои секогаш ќе ми го кинат срцето, и секој ден малку по малку ќе ми ја распарчуваат душата.

Ивана Крстиќ

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија: