Го искористи и последниот атом сила и погледна преку прозорецот. Го гледаше како заминува. Сеуште ги слушаше неговите чекори. Немаше сила да викне -“Врати се” . Тој полека , но сигурно се оддалечуваше. И готово. Го немаше повеќе на хоризонтот.

Го затвори прозорецот. Солзите сеуште се слеваа по нејзиното нежно лице. Црната коса ги ги галеше рамениците. Се имаа скарано толку многу пати. Но, сега беше поинаку. Се чувствуваше мирисот на крајот. Го одиграа последното танго . Танго со болни и тешки чекори . Танго, кое иако беше болно, во исто време беше и најубавото танго кое го имаа одиграно досега . Можеби затоа што беа свесни за тоа дека последен пат се држат во прегратки. Можеби затоа што беа свесни дека никогаш повеќе нема да ја почувствуваат таа страст.

Легната во својот кревет се врати назад во времето ... во времето кога го одиграа првото танго. Беше магично. Совршено. Незаборавно. Дождот не престануваше да паѓа , а тие танцуваа . Нивните тела беа едно. На светот не постоеше никој друг. Само тие и нивното танго. Се врати во реалноста . Тивката музика правеше да чувствува уште поголема болка . Колку и да сакаше не можеше да ги запре золзите . Солзите кои печеа како восок. И покрај сите негови хирови и глупости таа сеуште го сакаше. Сеуште лудо го сакаше.

Ноќта полека одминуваше . Таа немирно се превртуваше во креветот. Не можеше да заспие. А , и да заспиеше знаеше дека в сонот повторно ќе го сретне. Тоа ја болеше. Одеднаш некој затропа на вратата. Полека се приближуваше да ја отвори, а срцето забрзано и чукаше . Конечно отвори. Го виде него целиот мокар. Таа и не знаеше дека почнало да врне. Исто како и ноќта кога го одиграа првото танго.

Само што сакаше да му каже -“Оди си” ,тој ја стави раката на нејзината уста и тивко ја праша : “Има ли шанса за уште едно танго?”

- Ивона Рашковска