-Ја испи првата голтка од утринското кафе кое тој и го имаше сварено. Се насмевна. Повторно немаше доволно шеќер. Па добро кога ќе научиш какво кафе пијам ? - си помисли.  Како и да е сепак беше најубавото кафе. Тој го имаше сварено.Во тоа кафе имаше многу повжна состојка од шеќерот. Во тоа кафе имаше љубов. Многу  љубов. А тоа е поважно така ?                                                        

- Погледна во телефонот. Порака од него : “Се надевам кафето беше совршено драга. Јас морав да одам порано. Не сакав да те разбудам, но знаев дека мирисот на утринското кафе ќе те разбуди“.                                              

-Совршено кафе ? Кафето беше толку несовршено што  ја потсетуваше на него. И тој е несовршен. Исто како и кафето. Но, тој е нејзиниот господин несовршен. Оној кој скоро никогаш не се грижеше за тоа што носи и како изгледа. Оној кој сеуште не знаеше какво кафе пие. Оној кој забораваше да одговори на нејзините  повици. Беше толку несовршен, а сепак нејзин. Само нејзин. И никогаш не би го заменила за совршенство. Совршенство и не постои. Затоа таа никогаш и не го бараше тоа во него. Таа никогаш не бараше тој да се промени. И немаше потреба од тоа. Само сакаше да биде тоа што е. Несовршен! Оној несовшен кој ја сакаше безусловно, кој секогаш беше тука за неа, кој знаеше да ја насмее и кога не и беше до смеење. Беше толку среќна што го пронaјде. Сега знаеше какво е чувството да го пронајдеш оној вистинскиот. Оној за кој сите мечтаат, а таа го имаше покрај себе. И уште поважно. Го имаше само за себе.

Одеднаш го почувствува неговиот мирис. Потоа почувствува бакнеж во свој врат од кој ја полазија морници по целото тело. Тоа го можеше само тој. Се сврте и ги замота рацете околу неговиот врат. Можеше да остане засекогаш во неговите прегратки. Ништо друго не и беше потребно.                                

Во собата сеуште се чувствуваше мирисот на кафето. Несовршеното кафе кое со себе носи толку совршени моменти. Па кој вели дека несовршеното никогаш не може да премине во совршено ? Спротивностите се привлекуваат така ? Или пак не. Сами одлучете.

- Ивона Рашковска