Аман бе луѓе ! До кога вака ? До кога ќе мразите се околу себе ? До кога ќе водите војни ? Знаете каде ќе ве одведе тоа ? -Помеѓу никаде и некаде.  Па сега сами проценете каде е тоа и размислете дали сакате да бидете таму. Се зависи од вас. Вие самите си цртате на Вашето платно. Сами си ја кроите среќата.  

couple.cute.ivona

Ајде погледнете малку околу себе. Не е се така црно како што ви изгледа. Додајте малку боја во вашиот живот. Поубаво изгледа. Верувајте ми ! На овој свет има толку многу убави работи. Има толку убави места кои чекаат само на вас. Чекаат да бидат откриени. Па потрудете се. Живејте го секој ден како да ви е последен , но имајте надеж и за подобро утре. Ако еден воз ви замине не е крај на светот. Ќе дојде друг. И се така . Бидете оптимисти. Секогаш ! Ама баш секогаш !Никој не може да ви ги сруши соништата,освен вие самите.

Ризикувајте некогаш и бидете спремни за авантура. Не плашете се од нешто ново. Се што е ново е интересно. Всушност, за кого како. Подарувајте насмевки. Многу насмевки. Ќе стоплите нечие срце. Не дозволувајте да го изгубите она што е ваше. Она за кое сте сигурни дека ви припаѓа само на вас. И знаете што ? Не плашете се да сакате. Сакајте,ама  внимавајте кого. Не ја заслужува секој вашата љубов. Понекогаш можеби и ќе пуштите по некоја солза за нешто. Тоа не е ништо страшно. Но, после тоа не заборавајте повторно да се насмевнете. Што и да е ќе помине,а вие останувате. Останувате такви какви што сте или такви какви што сакате да ве памтат. Тоа сами го одлучувате. Кога ќе свене еден цвет по што го памтат ? По бојата или по мирисот ? Или и бојата и мирисот ?

-Живејте го животот како што вие сакате,а не како што сакаат другите. Бидете задоволни од себе. Не потценувајте се. Но, не ги потценувајте ни другите. Уживајте во се што ви носи овој живот. Бидете паметни и користете ја секоја шанса. За многу нешта нема следен пат. Што би рекол Пере : “Животот е убав,верувај.Дај му шанса, седи не брзај ! “

- Ивона Рашковска