Еј ти чекај малку! Да баш ти! Ти кој/која в моментот го читаш ова. Ајде насмевни се. Ама онака искрено, што би рекле од срце. Се чувствуваш ли поубаво? Секако одговорот е да.

Една искрена насмевка може да промени се. Сега за момент затвори ги очите. Помисли на најубавите и најважните работи во животот. Ако не се гледаш себе во нив,обиди се уште еднаш. Секој пат кога ќе размислуваш за најважните и најубавите нешта во животот, не заборавај да се вброиш во нив.
Овој период од годината е волшебен. Магичен. Погледи околу себе. Се е толку убаво. Се е зафатено од Божиќната еуфорија. Насекаде се слушаат Божиќни песни, весели луѓе купуваат подароци, малите дечиња слушаат приказни за Дедо Мраз и го очекуваат. Во овој период нема време и простор за грижи и проблеми. Затоа остави ги некаде далеку. Барем за сега. Уживај!

Без разлика на тоа колку сме возрасни, сите се радуваме на пакетчиња како и малите деца. Па ајде веднаш спреми пакетчиња за сите оние кои ти значат. Ќе уживаш додека ги спремаш,ќе ја почувствуваш Божиќната еуфорија и истовремено ќе направиш некого многу среќен. Божиќните празници се и време за простување. Па ако можеш прости им на оние кои ти згрешиле. Верувам дека можеш. Не е тешко.

Ако случајно заврне снег уживај во танцот на снегулките и во играта со снежни топки. Сфати ли колку малку треба за самиот да си измамиш насмевка на лицето? Среќата е во малите нешта. Научи да ги цениш нив и таа ќе затропа на твојата врата. И не лути и се на среќата ако не пристигне веднаш. Таа не гледа на часовник, па може и да касни.

И како за крај. Бидете тоа што сте. Не менувајте се. Нема потреба. Така нема да ја изгубите внатрешната убавина.

Автор: Ивона Рашковска