За малку немаше да успееме да ја комплетираме статијата за овонеделната фејсбук девојка. Се заинативме токму оваа девојка да се најде на нашите страници и на крајот успеавме.
Ви ја претставуваме Тања Ивановска, студентка, моделка и девојка којашто повеќе е по патишта отколку дома, затоа и едвај успеавме да договориме сè со неа, за малку да ни избега.
Тања е ведра, насмеана и расположена за разговор. Да не го спомнуваме тоа што изгледа совршено. Со таква комбинација, јасно е зошто инсистиравме да не почести со своето „присуство“ на нашите небесно сини страници.
Апсолвент на: Социјална работа и политика на Филозофски факултет Скопје
Хороскоп: Знак - Риби, подзнак - рибаипол - две риби.
Сакам: Чоколадо, мноооогу чоколадо, сакам мартини, луда железница, макро фотографија (инсекти поточно), добро друштво, шетање, забава, сакам да патувам, сакам шопинг, сакам да ги вратат трафиките во Скопје и сакам пролет. Тоа сакам.
Не сакам: Пијани луѓе, лицемери, неодговорни личности, фолиранти, озборувања, невистини, трачеви и лажни профили.
Книга: Последни прочитани ми се:
- Најголемиот трговец на светот - Ог Мандино
- Стаклено ѕвоно - Силвија Плат
- Полиња со диви нарциси
- Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон...
Филм: Не сум гледала ниту еден филм цел, на сите заспивам на половина.
Музика: Најчесто слушам прогресив транс и хаус (Tiesto, ATB, Blank & Jones, Armin v. Burren, Above & Beyond, Paul v. Dyk...). Потоа, вокал транс, (Lasgo), како и ремикс преработките од Cascada и Groove Coverage на познати диско песни од осумдесеттите.
Број: 11...
Среќен број на рулет: седмица црвено.
Адреса: Улица 13, број 13.
Број на лична карта: Немам затоа што ја изгубив три пати.
Број на чевли: 37, број на патики 37 ипол.
telefonski broj:istiot od sedmo odelenie-vtoro polugodie
Во иднина: Сакам свој козметички салон.
