rebeka-naumoska-01Ребека е внука на една легенда на македонскиот спорт. Судејќи по интервјуто, успешноста очигледно тече низ крвта на ова семејство. Живее на релација Франкфурт - Скопје, а во моментиве е во родниот град.

Но, не само што Ребека е крајно амбициозна и упорна да го добие она што го сака, таа е преубава и премногу шармантна, па не се сомневаме дека ќе ги реализира своите сонови.


Име: Ребека Наумоска

Години: 19

Работа: Во моментов не работа, но имам работно искуство. Од 16 години почнав да работам поради тоа што сакав да бидам самостојна и да не зависам од моите. Работев на многу места. Почнав во пекара, па во аптека, во кинески ресторан, во слаткарница, во кафиќ...

Хороскоп: Девица, подзнак скорпија.

Салам: Искрена љубов, искрени пријатели, хармонија во фамилијата, амбициозни луѓе со перспектива во животот, прецизност, искреност, мали, но значајни подароци, сакам се да знам, да бидам информирана, да читам книги, обожавам да анализирам и да правам потоа свои проценки. Сакам мода и се што е поврзано со неа, заљубена сум во убави свилени фустани.

Не сакам: Неискреност, лажна љубов, глума, трачарење и глупави празни разговори, лажно другарство и луѓе кои мислат дека можат да направат се` во животот.

Партнер: Долго време немав, но викаат соништата се остваруваат, а јас отсекогаш сонував за искрена љубов и дечко што ќе ми се посвети и ќе ми го подари срцето и душата и еве можам да кажам дека го најдов и дека сум многу среќна со него...

rebeka-naumoska-02rebeka-naumoska-03rebeka-naumoska-04rebeka-naumoska-05rebeka-naumoska-06rebeka-naumoska-07rebeka-naumoska-08rebeka-naumoska-09

Книга: Девојката со бисерна обетка и мемоарите на една гејша.

Филм: Титаник, хаха

Музика: Можам се` да слушам, зависи од расположението. Сакам House, R`n`B, но исто така ги обожавам песните на Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Владо Ковачевиќ, Владо Георгиев. Со многу текстови знам и да се идентификувам себе си. Но, мислам дека тоа сите го правиме.

Стил: Па скоро секогаш долг свилени хаљини, фустанчиња до колена, но понекогаш добивам желба и да обблечам нешто кратко, кога ќе го облечам сепак гледам дека не е за мене и се враќам на мојот стил: фустанчињата. Ама се надевам дека некогаш ќе се осмелам и да излезам со пократок минич или „hotpants“.

Во иднина: Се гледам себе си во некоја од банките во Фракнфурт, се запишав на еден од најпрестижните факултети во Германија за да го постигнам тоа, бев многу пати првенец на генерација тука во Германија, амбициозна сум, верувам во себе и знам дека ќе успеам да ги остварам своите соништа и еден ден да се видам себе си како една самостојна и успешна жена која секако ќе биде поддржана и сакана од својата фамилија.
Сон ми е да имам голема куќа, две деца, добар маж што ќе ме поддржува во се`, кој исто така успеал да ги оствари своите соништа... и секако, едно кученце, по можност златен ретривер.

Екстра: Верувајте во себе, соновите се остваруваат.

rebeka-naumoska-10rebeka-naumoska-11rebeka-naumoska-12rebeka-naumoska-13rebeka-naumoska-14rebeka-naumoska-15rebeka-naumoska-16rebeka-naumoska-17

{jcomments lock}

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium