Филмот Avangers се очекува да го сруши светскиот бокс-офис рекорд. Досегашната заработка од овој филм изнесува неверојатни една милијарда долари. Само во САД филмот заработил 100 милиони долари по две недели прикажување.
Опра Винфри и Ал Пачино се дел од листата на желби на режисерот за новиот филм кој ќе се снима за животот на Тоше Проески во Холивуд. Битолчанецот Јорго Огненовски кој преку 20 години работи во Холивуд и веќе има неколку проекти зад себе, вели дека ќе снима филм за нашиот Тоше, пренесува Нова Македонија.
Најновиот македонски филм со наслов Максим, дело на Кирил Трајковски, премиерно ќе се прикаже во кино Рамстор на 11 мај, односно за една недела од денес.
Секогаш сме сметале дека продолженијата на филмовите никогаш не ја достигнуваат слава на нивните оригинали, односно првите филмови од серијата продолженија. За третото продолжение на Луѓе во црно - не можеме да го гарантираме тоа.
Се сеќавате ли на филмот „Три метри над небото“? Девојките сигурно веднаш ќе почнат да климаат со главите. Епа, имаме одлични вести за вас. Наскоро ќе искочи вториот дел од оваа романтична драма.
Во исчекување на последниот дел од сагата за девојката која сакаше вечен живот со нејзиното бесмртно момче, компанијата Таргет од САД низ своите салони го прикажуваше следниот исечок во кој се прикажани Бела во нејзината нова „форма“ и нејзиниот сопруг Едвард во сцена која е дел од сижето на Зазорување 2.