Vip

Брилијантниот детектив од Лондон, многу често бил предмет на филмска или ТВ адаптација. Во тие адаптации, многу актери го глумеле Шерлок Холмс, но не многумина од нив оставиле одличен впечаток на фановите на детективот.

Еве го нашиот избор за најдобрите актери, кои ја носеле позната капа на Шерлок и совршено ја изработиле својата работа.

sherlock-1

 

Benedict Cumberbatch - Најновиот ТВ Шерлок. Серијата е сместена во модерен Лондон, а овој актер брилијантно го изигрува Холмс. Сите карактеристики кои ги има Шерлок во книгите, Бенедикт совршено ги презентира во серијата и плус додава нов агол на мааните на детективот. Минус за овој актер е што е помлад од Шерлок од книгата и секако подобро изгледа.

sherlock-2

Jeremy Brett - Го играше Шерлок точно 10 години. Физички најсовршено личи на описот на Шерлок во книгите и според многумина е вистинската адаптација на ликот од книгата. Минус кај него е што повремено добива негативни особини, со што публиката добива чувство дека гледа негативец.

 

sherlock-3

Basil Rathbone - Го изигра Холмс во фантастична бројка од 14 филмови и со тоа постана лик со кој публиката се асоцира со ликот на Шерлок. Физички совршено избран за Холмс. Единственото негативно кај оваа адаптација е тоа што со овој актер, само два филма се снимени според книгите за детективот и често филмовите се со политичка заднина.

 

sherlock-4

Robert Downey Jr. - Најновата филмска адаптација на Шерлок. Овој американец му даде нова димензија на Холмс и со тоа предизвика гласна критика од конзервативните фанови на детективот. Актерот совршено си ја обработува својата улога но фактот дека ако го смениш името на карактерот во кое било друго име, ќе добиеш сосема нов карактер, покажува дека не е совршена адаптација на Шерлок.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila