brando-oskar

На денешен ден се навршуваат 40 години од потегот на Марлон Брандо кој остана запаметен како еден од најскандалозните но и најплеменит, кога го одби Оскарот за најдобра машка улога.

Во 1973 година, на Американските филмски награди Оскар, добитник на наградата Најдобра машка улога беше Марлон Брандо, за култниот филм „Godfather“ каде што го глумеше легендарниот лик Дон Вито Корлеоне.

Кога беше соопштен добитникот, наместо Брандо, на сцената застаната Сашин Литлфедер, или „малиот пердув", припадничка на Апачите, која ја пренесе порака на Брандо, дека не може даја прифати оваа награда поради дискриминаторскиот однос на Холивуд кон американските Индијанци. По оваа изјава Литлфедер доби аплауз од присутната публика, а Брандо доби уште поголема почит во светската јавност.

 

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа