Чувари на Галаксијата од Марвел е јасна дека Питер „Лордот на Ѕвездите“ Куил е спремен да го ризикува својот живот за две работи: неговите пријатели и касета со неговите омилени песни наречена „Закон Микс Вол. 1“. Миксот е достапен во вистинскиот свет во дигитална форма, компакт диск, и плоча, но набрзо ќе можете да ја поседувате и оригиналната, барем оригинално копираната, вистинска касета со овие песни.

tape

Ограничената верзија на „Закон Микс Вол. 1“ ќе биде од независни производители кои партиципирале во Record Store Day, годишен фестивал во кој лимитирани верзии на винил плочи и компакт дискови се продаваат. Дизни не објавува колку копии од касетата ќе направи, но ова е првата касета издадена од компанијата од 2003та година. Листата на песни вклучува песни како „I'n not in love", The Runaways "Cherry Bomb", и Blue Swede - "Hooked on a Feeling", користени во филмот и неговите трејлери. Чуварот на Галаксијата Питер Куил си го чуваше својот вокмен за да ја преслушува оваа касета - а ако вие го фрливте вашиот - касетата исто така доаѓа и во дигитална верзија со 12 песни.

Бонус: најинтересните сцени од филмот Чувари на Галаксијата

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа