Силвестер Сталоне на својот Инстаграм профил потврди дека ќе го режира и продуцира филмот “Creed 2”, продолжение на боксерската драма од 2005 година која настанала како spin-off на неговите Роки филмови.

Сталоне на социјалната мрежа објави фотографија на која се наоѓа во друштво на ѕвездата на првата франшиза – Мајкл Б. Џордан, со напомена дека едвај чека следната година да биде во улога на режисер и продуцент на овој филм.

Првиот “Creed” е во режија на Рајан Куглер според сценариото кое го напишал во соработка со Арон Ковингтон. Мајкл Б. Џордан се појавува во улога на синот на Аполо Крид, најголемиот противник на Роки, а подоцна и негов најдобар пријател.

Џордан ќе ја репризира улогата во продолжението, но Куглер бил спречен да ја прифати режијата со оглед на тоа всушност го завршува “Black Panther”, најновиот додаток на “Marvel Cinematic Universe”.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа