Актерката Софи Тарнер, која се прослави со улогата на Санса Старк во „Игра на тронови“, откри занимливи детали од сетот на серијата. 

Според зборовите на актерката, снимките на осмата сезона почнаа уште во месец октомври, но е снимен многу малку материјал. Како што најавија продуцентите на серијата, премиерата на осмата сезона на „Игра на тронови“ нема да биде порано од 2019 година.

Софи Тарнер признава дека оваа година на сетот владее необична атмосфера, бидејќи сите колеги се свесни дека работат заедно за последен пат.

- Сите ние го чувствуваме доаѓањето на финалето. Се трудиме почесто да се собираме - вели таа.

Софи, исто така, и кажува дека нејзиниот лик се соочува со нови проблеми во новата сезона – таа ќе научи да живее сама. Актерката забележува дека на крајот на седмата сезона, Санса била во многу добра состојба: се собрала со своето семејство, разобличен е лорд Петир Бејлиш, Северот бил во нејзини раце, но сега сѐ било различно.

- Ќе биде тешко за неа - во последната сезона таа ќе се соочи со нова закана, која ќе мора да се надмине. Оваа сезона има страсна, емоционална борба - вели Тарнер.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа