Првиот трејлер на научно-фантастичниот филм на Стивен Спилберг, „Ready Player One“ е тука за да ни покаже свет во кој речиси секој поминува најголем дел од своето време во виртуелната реалност, познат како „OASIS“. Таму играчите се нурнати во еден сосема нов универзум, далеку од мрачната реалност надвор.

Видео записот го покажува Џејмс Холидеј, основачот на „Оasis“ кој открива на луѓето во виртуелниот свет дека оставил скриен предмет што треба да се најде. Кој ќе го направи тоа, ќе добие целосна контрола врз виртуелниот свет.

Вејд Вотс е главниот херој кој се поврзува со друг натпреварувач, „Art3mis“. Заедно почнуваат да ги откриваат тајните на Холидеј. Таа сепак е цел и на огромната корпорација „Anorak“, која поседува неограничени ресурси, но не и знаењето на Вотс и „Art3mis“.

Книгата „Ready Player One“, напишана од Ернест Клајн, е одлична мешавина од авантура, фантастика, т.н. „гик“ култура која вклучува игри и музика. „Oasis“ е виртуелен свет во кој секој може да се скрие, а во него не мора само да се игра, но и да се учи, работи и развива. Да се запознаваат нови луѓе , па дури и најдете љубов.

Од двата трејлери што ги видовме досега, можеме да бидеме задоволни од визијата и начинот, на кој Спилберг се справува со екранизацијата. Интересно, тој не се потпира само на популарните слики на игри и филмови, споменати во книгата, туку и на посовремени и нови ликови. така во еден момент можеме да го видиме „Tracer“ од „Overwatch“.

„Ready Player One“ ќе започне да се прикажува во кината на 30 март 2018 година.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа