Хароината со која во почетокот на 2000-ти се прослави славната актерка Анџелина Џоли, во март се враќа на големото платно.

Во улогата на Лара Крофт овојпат ќе ја видиме младата шведска актерка Алисија Викандер која, судејќи по новиот трејлер за филмот, нема да ги изневери обожавателите на „Tomb Raider“.

Улогата на Лара Крофт ја прифатила поради фактот дека дури и мајка ѝ знаела што е „Tomb Raider“, благодарение токму на Џоли која од хероината од видеоигра направи незаборавен женски акционен јунак.

Дополнителен мотив за прифаќање на оваа улога што бара голема физичка подготвеност, била можноста да го прикаже овој легендарен лик од различни агли.

Новиот филм ќе пристигне во кината во март годинава.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа