Скарлет Јохансон стана најплатената глумица во Холивуд, благодарение на нејзината повторувачка улога како Црната вдовица од серијалот филмови за „Одмазниците“ - објави Форбс.

За прв пат во улогата на Црната вдовица, Јохансон се појави во „Ајрон мен 2“ во 2010 година, а оттогаш улогата ја повтори уште пет пати. Неодамна, таа потпиша и договор за самостоен филм за супер-хероината.

Сценариото за филмот е пред крај, а актерката е вклучена во развивањето на приказната за Наташа Романоф.

Филмот во кината би требало да се појави во 2020 година, а за улогата Јохансон ќе добие 25 милиони долари. Освен тоа, доколку филмот заработи 900 милиони долари, таа ќе добие бонус од уште шест милиони, што значи дека вкупната заработа ќе ѝ се искачи на 31 милион.

Скарлет на филмот ќе работи и како продуцентка, а благодарение на овој договор таа е најплатената глумица во Холивуд.

Сепак, тоа е помалку од заработката на нејзините машки колеги. Роберт Дауни Џуниор за улогата на Тони Старк, односно Ајрон Мен, доби 50 милиони долари, плус бонуси.

scarlett johansson in iron man 2-wide

Според листата на Форбс за најплатени глумци и глумици, се гледа дека се уште постои голема разлика помеѓу женски и машките плати.

Минатата година најплатен актер беше Марк Валберг со 68 милиони долари, додека најплатена актерка беше Ема Стоун со 26 милиони.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа