Од филмови работени според вистински приказни до стрипови, неколку научно-фантастични филмови, црна комедија и еден цртан филм, февруари е навистина шаренило од филмови кое ќе ги задоволи сите вкусови на љубителите на седмата уметност.

Што ќе гледаме во кино салите во вториот месец од годината?

Winchester (излезен 02.02.2018)

Снимен според вистинската приказна на Сара, ексцентричната богата наследничка на компанијата Винчестер за производство на огнено оружје, која верува дека е прогонувана од душите на луѓето кои се убиени токму од нивните пушки.


24 Frames (излезен 02.02.2018)

Ова е последното дело односно експериментален проект на иранскиот режисер Abbas Kiarostami кој почина во 2016 година, а ги следи последните 3 години од неговиот живот.

Филмот е колекција од 24 кратки филмови во времетраење од 4 и пол минути инспирирани од пејзажи, фотографии и слики на платно.

Before We Vanish (излезен 02.02.2018)

Тројца вонземјани доаѓаат на планетата Земја и се вселуваат во тела на луѓе со цел да научат нешто за човековиот род пред почетокот на апокалиптичниот напад кој го подготвуваат.

The 15:17 to Paris (9.02.2018)

Во режија на Клинт Иствуд овој филм ја следи приказната на тројца Американци кои откриваат детали за терористички напад додека патуваат со воз низ Франција.

Black Panther  (16.02.2018)

Уште една екранизација на супер херој од стриповите на Марвел – Црниот пантер, кој по настаните од Граѓанската војна со капетанот Америка се враќа назад во родната Ваканда, да го заземе тронот кој му припаѓа.

Early Man  (16 .02.2018)

Во овој комичен анимиран филм, Даг кој е пештерски човек со помошта на своето племе се обидува да го спаси својот дом од инвазијата на бронзената доба.

Nostalgia   (16.02.2018)

Мозаик од неколку различни приказни кои ја истражуваат поврзаноста на човекот со други луѓе, предмети и спомени и начинот на кој истите ги оформуваат нивните животи.

Annihilation  (23.02.2018)

Откако нејзиниот сопруг одвај ќе спаси жива глава, неговата сопруга – биолог, се пријавува на опасна мисија која се одвива на мистериозен терен и каде што се случуваат бизарни ситуации.

Game Night  (23.02.2018)

Група пријатели кои редовно се среќаваат за да играат друштвени игри се обидуваат да го откријат виновникот кој стои зад вистинско злосторство.

Beast of Burden  (23.02.2018)

Шон има само еден час да ја испорача дрогата која ја пренесува, додека е принуден да балансира помеѓу картелот криминалци, јавниот обвинител и неговата сопруга на која ѝ е потребна итна операција.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа