Конечно во јавноста излезе видео запис во кој Deadpool нѐ запознава со новиот лик од франшизата, Cable. Студиото 20th Century Fox не сакаше да одвои огромна сума на пари за да го промовира овој трејлер ноќта кога се одржуваше Супербоулот, што можеби и беше добра одлука, со оглед на тоа дека таа вечер беа промовирани толку многу нови трејлери што можеби овој немаше да биде ни забележан.

Рајан Рејнолдс, кој се враќа во улогата на анти-херојот Deadpool, во понеделникот наговести дека трејлерот треба да пристигне деновиве, а студиото реагираше многу брзо потоа.

Покрај Рајан Рејнолдс, во „Deadpool 2“ се враќаат уште и Морена Бакарин, Ти Џеј Милер и Бријана Хилдебранд, а во новите улоги ќе се најдат Џош Бролин и Зези Битз.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа