gototop
Тие се креативни, инветивни, млади... Тие се победниците на проектот „Биди и ти дел од новиот спот на Katy“. Серијалот на интервјуа започнува. Следува нашето интервју со Викторија Петреска...

Интервју со Викторија Петреска  2

бркај работа: Како би се опишале себеси?

В.П: Би се опишала себеси како весела, талентирана и амбициозна личност, а за другото оставам на останатите. :)

бркај работа: Зошто се пријави на проектот?

В.П: Се пријавив на проектот затоа што целиот проект беше премногу симпатичен и оригинален, а и отсекогаш сум била фасцинирана од Katy Perry. Oва беше едноставно супер шанса којашто не сакав да ја пропуштам.

бркај работа: Дали очекуваше дека ќе влезеш во топ 20?

В.П: Нема да глумам скромност, очекував дека ќе влезам во топ 20 :). Сите оние кои го имаа видено моето видео имаа позитивни критики, па тоа доста ме охрабри.

бркај работа: Како го снимавте видеото, Ви помогна ли некој при монтирањето на истото?

В.П: Секако дека имав помош. Мора да напоменам дека се започна спонтано. Видеото го снимав во мојот дом со нашиот дигитален апарат. Владееше опуштена и забавна атмосфера, а моите сестри ми помагаа околу идеите, снимањето, изборот на облека, шминка, кадри. Потоа и сами го монтиравме.

бркај работа: Што мислите за конкуренцијата?

В.П: Мислам дека сите видеа се должни за почит и пофални зборови. Сите ние што учествувавме се потрудивме да го дадеме најдоброто од себеси.

бркај работа: За кој од нив би гласале?

В.П: Како што кажав претходно, сите видеа беа одлични. Би гласала за сите и тоа со 5.

Интервју со Викторија Петреска  1

бркај работа: Кога би имале можност, би ја донеле ли Katy Perry во Македонија?

В.П: Кога би имала можност секако, таа е прекрасна личност. Има супер вокални способности и стил кој ми се допаѓа премногу. Знам дека тука во Македонија има огромен број фанови кои ја следат и би сакале да учествуваат на нејзини концерти.

бркај работа: Кои песни од Katy Perry најмногу Ви се допаѓаат?

В.П: Дефинитивно секоја нејзина песна е хит. Сите се интересни со огромна доза на шарм. А ако треба да издвојам некоја тоа би била песната за која и го снимав видеото: “Hot `n` cold”. Потоа следуваат: “California gurls”, “Waking up in Vegas”, “Teenage dream”, “I kissed a girl”... Значи сепак, сите ми се допаѓаат! :)

бркај работа: Дали свирите во некој бенд?

В.П: Не, не свирам во никој бенд, но би сакала.

бркај работа: Омилени бендови/пејачи/пеачки?

В.П: Katy Perry, Mariah Carrey, Celine Dion, Тоше Проески, Whitney Houston…

бркај работа: Идол?

В.П: сите претходно наведени ми се идоли.

бркај работа: Дали откако влеговте во топ 20 Ви се случило, некој надвор да Ве препознае?

В.П: Да и тоа многу пати:)!

бркај работа: Имате ли слободно време и како тоа го користите?

В.П: Откако ми завршуваат училишните обврски, времето го посветувам на танцување, пеење, фотографирање...

бркај работа: Ќе читате ли бркај работа откако ќе заврши натпреварувањето?

В.П: го читав и претходно, а се разбира дека ќе продолжам да ги читам содржините и во иднина. :)

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email