
бркај работа: Како би се опишале себеси?
А.Г: Јас сум многу вредна, сакам да помагам, друштвена сум, сакам да пејам, да танцувам, тренирам гимнастика, сакам да се натпреварувам, да пишувам песни и многу сакам да читам книги.
бркај работа: Зошто се пријави на проектот?
А.Г: На проектот се пријавив за забава и за да се запознаам со мојот идол Кети Пери, а и да си го покажам мојот талент за пеење и играње.
бркај работа: Дали очекуваше да влезеш во топ 20?
А.Г: Многу се надевав дека ќе влезам во топ 20 и бев искрено радосна кога на крај завршив на прво место.
бркај работа: Како го снимавте видеото? Ви помогна ли некој при монтирањето на истото?
А.Г: Па, во моето видео немаше некоја посебна монтажа, се снимив со камера и само го пратив клипчето.

бркај работа: Што мислите за конкуренцијата?
А.Г: Сите натпреварувачи беа супер, дури и оние кои не се пласираа во топ 20, зaшто секое дете си има свој талент, кој за пеење, кој за играње..
бркај работа: За кој од нив би гласале?
А.Г: Би гласала за Зорица Танушевска.
бркај работа: Што кога ќе победите?
А.Г: Бидејќи влегов во топ 20 сега сум пресрекна, како да ми се остварил мојот сон.

бркај работа: Кои песни од Katy Perry најмногу Ви се допаѓаат?
А.Г: Најомилена ми е нејзината песна Hot and cold, а ја сакам и California girls.
бркај работа: Кога би имале можност, би ја донеле ли Katy Perry во Македонија?
А.Г: Се разбира, прво би ја донела во Битола, би ја прошетала по Широк Сокак, би ја однела на Пелистер, па на училиште кај мене за да се запознаат и моите другарки, а потоа би ја прошетала и до Преспа, Охрид, Скопје, Струмица...

бркај работа: Дали свирите/пеете во некој бенд или сами?
А.Г: Не свирам, ама пејам и имам освоено прво место на детскиот фестивал Тралала-Битола, со песната „Фудбалерка на тато“.
бркај работа: Омилени бендови/пејачи/пеачки?
А.Г: Kety Peri, Miley Cyrus, Shakira, Madona, Selena Gomez, Demi Lovato, Toshe Proevski, Jonas brothers.
бркај работа: Идол?
А.Г: Kety Peri и Miley Cyrus.

бркај работа: Дали откако влеговте во топ 20 Ви се случило некој надвор да Ве препознае?
А.Г: Не, но сите мои другари и другарки беа среќни за мене и само за тоа ми зборуваат.
бркај работа: Имате ли слободно време и како тоа го користите?
А.Г: Моето слободно време го користам така што: одам на јавање коњи, тренирам гимнастика, одам на модерен балет и читам книги, слушам музика и играм со другарките.
бркај работа: Ќе читате ли бркај работа откако ќе заврши натпреварувањето?
А.Г: Се разбира дека ке продолжам да читам, посебно ми е интересно да ја читам рубриката Шоутајм.
