emilija-2Емилија Пендева е македонски уметник, tattoo артист, манекенка, вистинска урбана убавица... Родена како хороскопски стрелец, на 10. декември, способна е за речиси секоја работа, а предизвици и авантури за неа се секојдневие. Тоа го покажува и во интервјуто кое следи.

Инаку, на македонската јавност и е позната по повеќе ангажмани, што од музичката индустрија, што од манекенските води, но таа најмногу сака кога е препознаена по својата последна преокупација, тетовирањето. Бркајработа направи интервју со неа, кое ви го пренесуваме во целост:

бркај работа: Зошто тетовирање, а не манекенство? 

Емилија: Прибидејќи веќе бев дел од манекенскиот свет, можам со сигурност да тврдам дека јас не сум тип на личност соодветен за таа професија. Тетовирањето ми дозволува да се изразам и покажам како креативец и творец.  

бркај работа Кој се жали повеќе за време на тетовирањето, мажите или жените?

Емилија: Дали можете да претпоставите??? МАЖИТЕ!!! Жените целиот процес на тетовирање го поднесуваат речиси без ниту еден збор во врска со болката, а кај мажите (секоја чест за неколкуте исклучоци) тетовирањето звучи вака - „офф тука малку повеќе боли... е тука не боли толку... ОООООООО чекај чекај... ај пауза... уууууууу леле леле боли ооооооо неможам“ (проследено со преметкање на
emilija-3столица, ’играње балет’ и слични гестови.

бркај работа: Кој дел од работата ти причинува најголемо задоволство и какви тетоважи најмногу сакаш да работиш? 

Емилија: Најубавиот дел од работата е крајот, кога клиентот ќе се види во огледало. А најголемо задоволство ми причинуваат тетоважите кои се необични, интересни и покомплицирани за изработка, без оглед дали се работи за тетоважи во боја или црно бела бела техника. Од такт ме вади изработката на трајболи, кои максимално избегавам да ги правам.

бркај работа: Знаеме дека изгледаш прекрасно... како се снаоѓаш со нападни клиенти додека работиш на нив? Всушност, има ли такви?

Емилија: Кога некој ти ја „дери“ кожата - единствената мисла во глава е како побрзо да избегаш - така да верувајте, немало ниеден нападен клиент кај мене во студио (макар и да дошол некој со таква намера). Во секој случај, благодарам на комплиментот.

бркај работа: Работиш ли строго по желбите на клиентите или им даваш уметнички сугестии? 

Емилија: Сите клиенти со кои сум соработувала, имале потполна доверба во мене, па ми дозволиле уметничка слобода за промена, или имровизација, нормално во контекст на првичната идеја.

бркај работа: Како се одредува цената на една тетоважа и колку чинела најскапата која си ја изработила? 

emilija-7Емилија: Цената на тетоважата зависи од големината и комплексноста на дизајнот, а неретко се случува клиентите да добиваат попуст кога се работи за некоја слика која навистина многу ми се допаѓа и која е возбудлива за работење. Што се однесува за најскапата тетоважа - нека остане тајна.

бркај работа: Со која тетоважа најмногу се гордееш? 

Емилија: Искрено не постои таква - сите ми се мили и драги, но секогаш ме следи мислата - може и подобро... Можеби тоа е една од причините што постојано има некое подобрување во мојата техника на работа.

бркај работа: Дали си одбила да тетовираш некого? 

Емилија: Многу, не некого. Кога се работи за некоја бесмислена идеја или дизајн - не постои цена за која би ја изработила таа тетоважа. Одбивам да работам и слика која веќе претходно ја имам работено, т.е. еден дизајн не го повторувам. Исто е и со клиенти кои имаат некаква компликација со кожата, како на пример лузни од операции, изгореници...

бркај работа: Дали се живее убаво од оваа работа? 

Емилија: Кога започнав да работам тетоважи, во ниту еден момент не помислив колку би заработувала и како да премине во бизнис целата работа. Бројот на клиенти се зголемуваше пропорционално со моето искуство и подобрување на техниките и сега, иако цените во моето се студио се прифатливи и достапни за секого, не можам да се пожалам од месечните приходи. Единствениот недостаток во целава работа е што немам слободно време да си го посветам на самата себе.

бркај работа: Сега, малку поинакви прашања, што ќе ни кажеш за Кавадарци, твоето родно место, колку ти значи?

Емилија: Кавадарци е навистина прекрасен град, исто и Кавадарчани. Се радувам секој пат кога имам прилика да отидам и да поминам извесен период таму.

emilija-1бркај работа: Последно што прочитавме за тебе на љубовен план, имаше момче. Тоа е сè уште актуелно, или има промени? 

Емилија: Со моето момче, Илија Пенов, деновиве славиме прва годишнина од врската. Го сакам со цело срце и душа и не можам да се помирам со фактот дека и двајцата сме преоптерени со обврски и минуваме малку време заедно. Многу сме различни на карактер, но имаме меѓусебно разбирање. Покрај тоа што е прекрасна личност - исто така е и многу убав и многу згоден. Сакате да ви пратам слика за рубриката момче на денот? хихихи :)

бркај работа: Тоа не би било така лошо. :) Инаку, дел од времето забележавме дека го поминуваш на интернет. Дали си и ти зависник од мрежата или слободното време знаеш да го искористиш и на друг начин? 

Емилија: Интернет ми служи за да бидам во тек со работата на моите колеги од цел свет, барам нови дизајни, се едуцирам за нови техники и сл, а исто така и сум активна на фејсбук, кој го користам исклучиво за комуникација со сите оние кои имаат некаков интерес за тетовирање. Бла бла разговори не доаѓаат во предвид и луѓето кои безобразно досадуваат со прашања за мојот приватен живот - или ги игнорирам или ги ставам на блок листа.

emilija-5бркај работа: Сакаш животни, нели? Имаш домашно милениче? Какво би сакала имаш, моежби нешто поегзотично, или традиционалните миленици ти се подраги? 

Емилија: Животни обожавам... секакви... во моментов во мојот дом, има една сибирска хаска и малтешка пудла, кои се разгалени како мали деца. Животен сон ми е да имам куќа на планина и огромен двор и да чувам два коња, неколку мачиња и МНООООООООГУ кучиња.

бркај работа: Сепак, планината во моментов не е опција, врзана си со Скопје пред сè заради кариерата. Па, како ти се допаѓа градот?

Емилија: Освен професијата, овде ме врзуваат и студиите. Скопје би го опишала во два збора - бучно и хаотично. Едноставно нема мир и постојано сум во костец со времето. Кавадарци е многу поубаво место за живеење, но сепак во Скопје постои подобра клима за градење кариера за речиси секоја професија.

бркај работа: А Македонија воопшто? Се снаоѓаш ли во нашето општество?

Емилија: Дефинитивно да. Луѓе со заостанат менталитет има во целиот свет, не само кај нас, а доброто во Македонија е што полека но сигурно луѓето менуваат сфаќања кон подобро.

бркај работа: Кога веќе тргнавме со географија, кажи ни општо за твоите погледи на светот, либерал или конзервативец?

emilija-4Емилија: Па, сигурно и јас самата наликувам на конзервативец (хаха), од конзервативноста ми се допаѓа туна во конзерва... Мала шега, да не помислите дека сум идиот. 100% либералност. Од секој аспект.

бркај работа: Во што уживаш најмногу, можеби прошетки, готвење, видео игри...?

Емилија: Е сега ме фати носталгија. Сакам да шетам со кучињата. Сакам да готвам за моето семејство ама сето тоа кога сум во Кавадарци. Од сегашна перспектива - најмногу уживам кога сум си дома во Кавадарци.

бркај работа: Каде е возможно човек да те сретне во сабота навечер?

Емилија: Најчесто во студио. Поради факултетските обврски, сабота ми е најработен ден и неретко заглавувам до ситни саати во студио. Се случува еднаш или двапати месечно да излезам и прошетам низ градските клубови и дискотеки.

бркај работа: Покрај клупската забава, дали ги следиш другите делови од уметноста, оние по традиционалните, театар, филм, изложби, концерти... кои се сепак дел од твојата бранша, уметноста.

Емилија: Сакам да посетувам опера и балет, кога сум во можност. Ги ценам апсолутно сите видови на уметност.

бркај работа: Ја посетуваш ли бркајработа.мк? Како ти се допаѓа?

Емилија: Не често, ама секогаш кога сакам да оттргам мисли од работата и факултетот ја посетувам. Концептот е доста добар и сте полни со интересни содржини за сечиј вкус. Хуморот ми е омилен дел. Ми недостига малку повеке црн хумор

бркај работа: Очигледно е колку малку слободно време пронаоѓаш, па ќе се потрудиме да го пополниме повеќе делот со црн хумор. Еден од уредниците е
emilija-8дефинитвно твој истомисленик. А кога сме кај немање слободно време, кои се твоите планови за во иднина, пред сè на „бизнис“ план?

Емилија: Летово бев објавена од страна на еден американски електронски магазин и добив спонзорство од нивна страна за да одам и работам извесен период во Бразил. Сепак, поради проблеми со документи не успеав да отидам во договорениот термин и одложивме за идното лето. А сега во вторник заминувам за Англија, одкаде добив ангажмани од тату студио во Оксфорд. Првичниот престој ќе биде 2 месеци.

бркај работа: О, па тоа се одлични вести. Сега, како наш „интернационалец“ и дефинитвно успешен уметник, што би им порачала на младите и особено на оние кои се воодушевени од твоето досегашно животно достигнување?

Емилија: „Истрај на својот пат - светот сам ке ти дојде“. Секоја работа која е проследена со искрена љубов, чисти мисли и несебичен труд, секогаш вродува позитивни плодови. Кој како сака нека сфати.


Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа