Дамата која изминатиов период беше во центарот на вниманието на светската јавност, Јелена Ристиќ или сега веќе Ѓоковиќ, (28) ја раскажа својата живтона приказна за српските медиуми.

novak.sopruga1

Откако Новак почна да напредува на АТП листата, така сите почнаа да се прашуваат која е симпатичната русокоса, која го поддржува на сите важни турнири.

- Не се менувам поради ова, ова сум јас. Новак ме сака поради тоа што сум - вели Јелена.

Паорт се запознал пред девет години, а нив ги споила љубовта кон тенисот. И таа како и Новак, во детството се занимавала со тенис но поради слабите резултати подоцна преминала во атлетика за да добие спортска стипендија и своето образование да го продолжи во странство.

- Тренирав тенис од основно училиште, па оттаму датира и моето познанство со Новак, но подоцна продолжив да се занимавам со атлетика. Сестра ми и јас сакавме да одиме во странство, а еден од начините за да го оствариме тоа беше да добиеме спортски стипендии, бидејќи не сакавме да ги оптеретуваме родителите со поголеми трошоци. За жал не ни доделија спортски, туку академски стипендии па сестра ми прва отиде и тоа за мене беше голем шок, бидејќи за неа сум исклучително врзана. Тоа не се промени, но животот благодарение на среќата повторно не спои и сега работиме заедно. На мајка ми тоа и беше страшно. Таа и денеска доаѓа со нас на аеродром, и не пречекува - раскажува Јелена.

Иако кружеа голем број на шпекулации околу нејзиното потекло, вистината е дека нејзината судбина е слична на онаа која ја делат поголемите деца што потекнуваат од некогашната средна класа. Дека таа ја делела судбината на сите граѓани на Србија, говори и фактот дека за време на 90-те низ улиците на Белград и ги украле патиките.


- Навистина се вратив дома боса. Тогаш имав симпатија и тој ме носеше на грб за да не се извалкам. Идев на базен и тоа ми се случи на враќање - отркива низ смеа Јелена.

Во животот поминала многу работи, работела дури и во спортска обложуваница како шанкерка.

- Не се задржав долго во обложувалницата и по тоа бев промотерка за некои настани. Многу работев и ништо не ми беше тешко, сѐ тоа е за луѓе. Имам родители кои ми дадоа крила за да полетам и повеќе отколку што беше дозволено во времето на војната и економски проблеми. Татко ми и мајка ми се моите два ангела, како и мојата сестра - раскажува таа.

Таа гордо кажува која е и од каде, а кога финансиите се во прашање, никогаш не го криела минатото и тоа дека не и цветале ружи. Покрај мајка и и татко и, поврзана е со постарата сестра со која во детството делеле сѐ.


- Не сакав барбики, туку автомобилчиња, јас сум татина ќерка. Мојата мајка беше ракометарка, а татко ми гениј, математичар, физичар, инжинер - открила таа.

Најмногу прашина крена кога на интернет се појави веста дека таа во Белград се вози со градски превоз.

- Моето возење со трамвај не требаше да привлече толкаво внимание, но мило ми е што тој кондуктер доби пофалби. Поради овие работи, сите со радост ја примија веста за веридбата, а информацијата дека ќе станат родители предизвика општо воодушевување - смета Јелена.

Јелена раскажува и за својата врска со Новак.

- Јас бев студентка која едвај собрала пари да оди во странство, а тој тенисер кој немаше пари да си го финансира талентот. Авионите за нас беа вселенски летала кои не можевме да ги достигнеме. Контактиравме на сите можни начини. Си бевме поддршка еден со друг, тој доаѓаше на моите испити, а јас на неговите турнири - открива Јелена.


- Имав проблеми да се вклопам во општеството затоа што бев премногу амбициозна, сакав да учам, да тренирам и да направам непто што ќе биде моја оскочна даска. Тоа моите врсници не го разбираа, но сега кога ќе се сретнеме, велат дека тогаш не разбирале, но сега дека би сакале да се такви.

По венчавката нејзин приоритет е доаѓањето на свет на нивното прво бебе.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа