Српскиот пејач Аца Лукас на 21 Ноември ќе одржи концерт во Метрополис Арена во Скопје.

Тој  со години наназад важи за миленик на македонската публика. Честопати е гостин на македонско тло, а пред извесно време изјави и дека би сакал свој стан со македонска адреса.

1. Сте пресметале колку пати сте настапувале досега во Македонија?

- Искрено никогаш не сум се оптеретувал со тоа, но Македонија дефинитивно е во првите три земји во кои сум имал најмногу настапи.

2. Кога прво ќе се сетите на Македонија, што прво ви доаѓа на памет?

- Па има повеќе работи, не би знаел од каде да почнам. Не сакам да звучи како клише ова, но прво што ми паѓа на памет е Тоше Проески, па нормално храната, вашето гостопримство, одличните настапи каде и да сум пеел. Вие сте многу весел народ, сакате да се забавувате...

3. Со оглед на тоа дека многупати сте гостувале во Македонија, имате ли пријатели со кои и приватно се дружите кога имате време?

- Имам доста пријатели од Скопје, Гевгелија, Струмица со кои се слушаме повремено или пак кога се во Белград обавезно ме бараат да се видиме.

4. Вашите концерти се познати по добрата атмосфера и публиката ја знае секоја ваша песна. Што може да се очекува овој пат на 21. ноември?

- Како и секогаш, така и овој пат скопјани и сите оние кои ќе дојдат од другите градови нека очекуваат добра забава, добра атмосфера, нешто што е препознатливо за моите концерти.

aca-lukas1

5. Имате песни кои остануваат, песни кои ќе се пат за 10, 20, 50 години. Она што не интересира е, дали има песна која што сте ја испеале, а сега се каете поради тоа?

- Очигледно имав среќа во животот што речиси сите мои песни се добро прифатени од публиката, доказ за тоа моите концерти или настапи на кои речиси да нема човек кој не пее во еден глас со мене. Се разбира дека имам и снимено неколку такви песни за кои сега кога ќе ги слушнам си викам: Па, добро дали сум бил нормален кога сум го снимал ова?

6. На српската естрада се појавија многу пејачи, меѓутоа повеќето од нив се инстант-производ. Што треба да поседува еден млад пејач или пејачка да направи голема кариера како вашата?

- На нашата естрада денес имате се и сешто. Не знаеш која е пејачка, која старлета, која стриптизерка... Многу е полесно денес да станете ѕвезда, особено за девојките. Ќе се сликаат за некој весник по долна облека и стануваат познати. Но, убаво кажавте, тоа е инстант производи, не трае долго.

7. Што правите во слободно време кога не сте на бина или пак на некој настап во некој клуб?

- Тоа што го прави и секој нормален човек. Највеќе од своето слободно време го поминувам со семејството, со децата, шетаме, уживаме во животот.

8. Од што се плашите во животот?

- Се плашам само од болести и Господ. Ништо друго не ме плаши.

9. Велат дека не треба да се каеме поради работи кои сме ги направиле, туку за работи кои не сме ги направиле. За што се кае Аца Лукас во животот?

- Да бидам искрен не се каам речиси за ништо. Тоа што се случило, едноставно така требало да биде. Не размислувам на минатото, не ме интересира вчера како било.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа