Интервјуа

Интервју со Филип ТрајковскиЧетврто по ред е интервјуто со Филип Трајковски. Како изгледаше нашиот разговор со него, погледнете во продолжение

 

Повеќе...

Интервју со Ана ГастароваТрето по ред интервју. Овој пат со победничката, првопласираната Ана Гастарова. Таа е млада, но веќе зад себе има успеси со кои може да се пофали. Сега освен со освоеното прво место на детскиот фестивал Тралала-Битола, со песната „Фудбалерка на тато“, може да се пофали и со фактот дека ќе учествува во новото видео на Кети Пери.

 

Повеќе...

Интервју со Христијан БожиновскиВторо по ред интервју е интервјуто со Христијан Божиноски. Станува збор за комуникативно и амбициозно момче кое ќе биде дел од новиот спот на Кети Пери. Како и сите останати така и Христијан едвај чека да ја види Кети во живо. Да не должиме многу, прочитајте го интервјуто и дознајте нешто повеќе за Христијан, самите :)

Повеќе...

Интервју со Викторија Петреска Тие се креативни, инветивни, млади... Тие се победниците на проектот „Биди и ти дел од новиот спот на Katy“. Започнуваме со серијалот на интервјуа. 

 

 

Повеќе...

Екипата на бркај работаИнтервју со Фреквенција  го интервјуираше хрватскиот бенд Фреквенција. Во продолжение погледнете како се одвиваше нашиот разговор со нив.

Повеќе...

Славица Димовска е долгодишен кошаркарски играч и наша репрезентативка. Девојката која редовно ја носи осмицата на својот грб, освен што има одиграно осум сезони за својот матичен клуб  "Младинец"  кој оваа година со нејзина помош за прв пат во својата клупска историја ја освои домашната титула, има и богата интернационална кариера. Во нејзината биографија се впишани настапите за клубови како "Тriglija"( Грција , 2005/2006 и 2006/2007); "Fjolnir" (Исланд ,  2007/2008); "Haukar "  (Исланд2008/2009). По повод нејзиното повторно заминување за Исланд , решивме да поразговараме со неа.
1.Веќе долги години се занимаваш активно со кошарка како на клупско така и на репрезентативно ниво и имаш постигнато големи резултати. Кој беше главниот мотиватор за да започнеш да тренираш кошарка?
Главен мотиватор. Па искрено нема некој таков. Во мојата фамилија никој не се занимавал активно со спорт, така да љубовта кон спортот, кон кошарката дојде онака спонтано, кога во моето основно училиште Женскиот кошаркарски клуб  "Младинец"  почна да одржува тренинзи и да упишува нови членови и така се случи на 9 годишна возраст почнав да тренирам сосема случајно и од тогаш кошарката секој ден се повеќе и повеќе ја засакував и уживав со баскетот во рака  , а еве и сеуште после 15 тина години тоа чувство не е ни во најмала рака намалено, едноставно,  I love this Game!!!
2.Светислав Костовски, долгогодишниот тренер на "Младинец" е твој главен ментор со години. Колкаво е неговото значење за твојата кариера?
Светислав Костовски. За мене ова не е само име на мојот тренер, едноставно овој човек освен што ме учеше кошарка , ме учеше и како да ја изградам мојата личност (психологијата е една многу битна работа во спортот) . Покрај моите родители кои секогаш се покрај мене и ме поддржуваат во она што го работам , голема заслуга за ова што сум сега , пред се како човек , а секако и за нивото кое сум го достигнала во кошарката има Свето.
3.Колку откажувања и жртви бара професионалното занимавање со овој спорт, особено кога станува збор за условите во Македонија?
“Професионалниот спорт”,  не знам дали воопшто може да се вброи женската кошарка во Македонија како професионален спорт.  Јас  бар отсекогаш сум гледала на кошарката како на мое хоби , бидејќи ако е нешто професионално значи треба да имаме егзистенција од тоа ,што кај нас ни оддалеку не може да се замисли. Се она што сум вложувала во изминатите години не можам да кажам дека било откажување, едноставно сум била посветена на она што сум го сакала. Специфичен е спортскиот живот , тоа го знаат оние кои на некаков начин биле поврзани со спорт , но сепак спортот отвора многу врати , дружењето, запознавањето на нови луѓе, патувањата во и надвор од земјава, сето тоа нема цена. Секоја победа, тоа чувство е неописливо , не може да се купи со пари. Но, секогаш има едно НО. Мора од нешто да се живее. А доколку го посветиш својот живот на кошарката...како сето то би завршило? Што е стварно жалосно.
4. Оваа година со тимот на Младинец го освоивте Плеј Офот во дуел против Вигор со резултат 3-1. Што мислиш дали медиумски беше доволно покриено ова ваше достигнување?
Медиумски покриено? Воопшто НЕ. Многу малку медимумите се заинтересирани за спорт, сведоци сме што се емитува на нашите телевизиски програми, за жал.
Се сомневам дека луѓето воопшто знаат дека постои женска кошарка или дека слушнале за "Младинец". Се сеќавам на големото финале последната утакмица што ја одигравме против екипата на "Вигор" од Скопје , само еден спортски новинар се појави во салата и тоа на неколку минути пред самиот финиш.
5.Што се случува со македонската женска клупска кошарка, очигледно е во голема стагнација? Што треба да се промени за таа да се развие?
Женската клупска кошарка според мене не е ни во стагнација , туку секоја година е се на пониско ниво. Неколку екипи ,се тренира во подпросечни услови , затоа и не сум воопшто изненадена зошто не постои никава заинтересираност од страна на младите , а и зошто голем број на таленти се откажаа во последните години. Што би требало да се промени? Пред се треба да се привлечат најмладите, секој тим кој игра во прва лига треба да има младинска , кадетска екипа. Треба да се подобрат условите за тренирање , во некои од салите нема вода ни за пиење,  а камоли топла вода за греење пак да не правиме муабет.Но тука државата пред се треба да преземе нешто, бидејќи клубовите се немоќни кога не постои закон за спорт. А исто така и медиумите треба повеќе да бидат заинтересирани за домашната кошарка.
6.Македонската женска кошаркарска репрезентација оваа година не беше пријавена во ФИБА.На што се должи тоа ?
Македонска женска репрезентацијаза жал во последниве две години немаме. Репрезентацијата секако е слика на тоа што се случува во домашното првенство. Едноставно како повозрасните се повлекуваат нема кој да го пополни нивното место. Според мене со истиот проблем се соочува и машката репрезентација и доколку не се почне повеќе да се обрнува внимание на домашните играчи наместо да е пополнуваат местата со странци , ќе се случи истото сценарио. А исто така и додека постоеше женска репрезентација , не функционираше на начин како што треба да му се овозможи на еден национален претставник. Кошарката не може да се импровизира.
7.Ти имаш долгогодишно интернационално клубско искуство. Според твое мислење колку е развиена европската женска кошарка?
Четири сезони играв надвор од нашата земја, тоа и не е некој долг период , но сепак беше доволно да можам да ја согледам разликата , условите , третманот кој го добиваат спортистите во странство. И еве после една одиграна сезона во домашното првенство и неговото освојување , добив неколку понуди за надвор и искрено без многу размилување се одлучив да прифатам повторно да заминам. Европската женска кошарка , според она што сум била во можност да го согледам , во повеќето земји има неколку многу добри  екипи кои што се одвојуваат од останантите кои се на слично ниво, но многу повисоко од она на ко се наоѓа македонската женска кошарка.
8.Колку може еден тим да се потпре само на домашни играчи, сметаш ли дека странците го подигнуваат квалитетот на играта ?
Сметам дека пред се е битно да се има домашни играчи , но неспорен е фактот дека најдобрите европски екипи имаат интернационален состав. Не е нужно дека странските играчи го подигнуваат квалитетот, меѓутоа во услови кога се појавува дефицит од играчки кадар , логично е екипите да го пополнуиваат својот состав со странци. Меѓутоа повторно ќе нагласам дека доколку повеќе се стави акцент на развојот на  младите таленти во иднина не би било потребно во толкава мера да се ангажираат странски играчи, а особено не во националниот состав.
9.Македонската машка кошаркарска репрезентација во моментов одигрува квалификации за претстојното Европското Првенство во кошарка. Според тебе какви ни се шансите за пласман според досега одиграното?
Македонската кошаркараска репрезентација во моментов игра квалификации за претстојното ЕП кое ќе се одигрува во Литванија 2011. Но иако имаме не толку тешка група , во која освен Македонија се и Босна , Унгарија, Украина и В.Британија,  пласман на ЕП со овој подмладен состав би бил голем успех. Од она што досега нашите момци го прикажаа , четири победи и несреќниот пораз од В.Британија мое мислење е дека сме на добар пат кон пласман. Би ги повикала сите што се во можност да дојдат и заедно да ја бодриме Македонија на натпреварот против В.Британија на 23 август во салата Борис Трајковски.
11.Кој кошаркарски играч според тебе најмногу има допринесено за кошарката во Македонија?
Во досегашниот период постојат повеќе имиња кои придонесувале за развој на Македонската кошарка. Но за мене Врбица Стефанов е икона за тоа како еден кошаркар треба да го носи националниот дрес. На секој настап Врба го оставаше срцето на терен, едноставно да уживаш во она што тој секогаш имаше да го прикаже. И многу ми е драго што еве и по завршувањето на кошаркарската кариера , остана во кошарката и се обидува и дава се од себе да помогне за одржувањето и нејзиниот напредок.
13.За месец  дена потпишуваш договор за Хамар, кошаркарски клуб од Исланд. Колку е развиена кошарката во Исланд и како се случи да заминеш таму?
Да моментално сум во преговори со Хамар , екипа од исландското првенество. За женската кошарка во Исланд можам да кажам дека не е на многу високо ниво , но таму се е добро организирано , условите за тренирање се супер , едноставно спортската култура е на едно значително ниво. До соработка со Хамар дојде откако по две успешни сезони, освоената шампионска титула и одличната комуникација што ја имав со луѓето таму , добив понуда да соработувам со според мене еден од најдобрите тренери таму,  долгоогдишен селектор на женската селекција на Исланд
15.Која е твојата порака до читателите на Бркај Работа?
Посветете се на спортот воопшто , во било која форма , доволно е и рекреативно и УЖИВАЈТЕ во позитивната енергија, ведар дух и добро друштво.

Интервју со Славица Димовска (кошаркар)Славица Димовска е долгодишен кошаркарски играч и наша репрезентативка. Девојката која редовно ја носи осмицата на својот грб, освен што има одиграно осум сезони за својот матичен клуб  "Младинец"  кој оваа година со нејзина помош за прв пат во својата клупска историја ја освои домашната титула, има и богата интернационална кариера.

 

Повеќе...

Интервју со Ламбе АлабаковскиСе сеќавате ли на 17 годишното дете кое дојде до финалето на М2 со песните на Гарет Гејтс и на Вајтснејк и успеа да победи со песната „Спаси ме“? Токму сега, бркај работа, одлучи да поразговара со него, Ламбе Алабаковски, момче кое прерасна во една од најпознатите македонски ѕвезди, голем срцекршач и име зад кое стојат големи хитови!

Повеќе...

 

2. Па добро сите знаеме сто и се слуци на Македонија ГП за зал тоа е реалноста, врз мојата игра тоа не влијаесе а за трансферот во Вардар имасе и свој придонес.
3. ЗА заинтерисуваноста во мак фудбалот говорат стадионите сто на еден првенствен натпревар во првата лига доагат 100-200 луге тоа е катастрофа...
4. ДА ДА секако дека влијае мн поубаво се цувствувас бар јас еве лицно за мене ке казам дека мн поубаво ми е да играм пред публика од 3000 од него 300 гледаци да те следат, мотивацијата е мн поголема кога те гледа мн побројна публика. Адреналинот си го прави своето.
5.Па да Вардар си е Вардар зално е сто се слуцуваат вакви работи, али сите знаеме која е прицината...финансиите
6. Најтеско па веројатно онаму каде сто има мн побројна домасна публика (навиваци) али не ми било никогас теско на такви натпревари напротив добивам поголема мотивација.
7. Бев мн возбуден, сепак репрезентативниот дрес немозе секој да го носи тоа е огромна цест за мене и бев мн срекен.
8.ххх хх да да ме нарекуваа месси али не бесе заради тоа сто месси ми е идол посто они не ни знаеа кој ми е идол мозеби ме нарекуваат засто имаме некои слицности....
9. Навивам за Барцелона,бидејки го играат најдобриот фудбал во моментов, се виде и на светското Спанија го примени методот на работа како во Барцелона и стигна до Светската титула.
10. Па да, мора несто да зртвувас за да успеес во фудбалот...
11. Па да бев и видов таму како се работи, ние за зал тука сме мн мн назад во однос на тие таму услови, ние имаме мн поголеми таленти од таму али они мн влозуваат и затоа успеваат.
12.Плановите секако дека ми се да играм во странство да направам интернационална кариера...

Иван НастевскиЕкипата на бркај работа овој пат интервјуираше фудбалер. Станува збор за Иван Настевски, младиот фудбалер на Вардар, кој ветува. Го нарекуваат македонскиот Меси, а откако и самите погледнавме неколку од неговите првенствени натпревари се уверивме зошто е тоа така. Зад неговото име стојат неколку настапи за младинската репрезентација на Македонија...  Во продолжение следува нашиот разговор со него. Прочитајте

Повеќе...

Интервју со All Together DistroЕкипата на бркај работа направи интервју со трите млади ентузијастки Ека, Тејка и Еци. Тие го предводат ова All Together Distro без никаков профит, што навистина е за пофалба. Од средината на март, па до денес ниту една свирка не им побегнала, успеваат да стигнат на сите свирки без исклучок. Ова е само дел од она што тие го прават, за повеќе прочитајте го нашиот разговор со нив кој следува во продолжение.

Повеќе...

Интервју со Ивана ЈовановскаНа изложбата во Културно информативниот центар екипата на бркај работа ја забележа работата на Ивана Јовановска младиот, талентиран сликар кој несомнено има што да сподели со останатите. Ние бевме фасцинирани од нејзиниот труд па токму затоа решивме да ја интервјуираме. Во продолжение следува нашиот разговор со неа.

Повеќе...

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа