jk-casual

Нејзината прва книга за возрасни "The casual vacancy" ќе биде адаптирана во телевизиска серија чие емитување е планирано за 2014 година.

 

Телевизијата "BBC" соопшти дека авторката на серијалот за Хари Потер ќе соработува со тв-екипата која ќе работи на екранизација и чие снимање би требало да започне напролет, следната година.

„Многу сум возбудена што ќе бидам дел од екипата. Моја желба беше БиБиСи да го екранизира овој роман и сега таа се оствари“ - изјавила авторката.

"The casual vacancy" е роман од 512 страни, кој започнува со изненадната смрт на еден политичар, кој остава функција без намесник во општината во селото. Претстојните избори ќе направат хаос и ќе се извлече најлошиот крај, но наизглед идиличниот - Пагфорд.

Романот беше објавен во септември годинава и за само една недела се продадени 125.000 примероци, додека седумте книги за малиот волшебник ширум светот се продадени во повеќе од 450 милиони копии и се на трето место најчитани книги во историјата.

 

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа