kinky„Првото правилно на кинки (перверзен) клуб, очигледно, е дека не смее да се зборува за тој клуб. Постојат и други правила, кои се вртат околу почит и согласност - претпоставувам, основни добри манири. Не соблекуваш луѓе голи и ги камшикуваш ако тие не сакаат да го направиш тоа. Го почитуваш редот. Играш фино.“

Една од најновите книги на новата линија на Harper Collins, Mischief, е приказна за напорите на Рози, љубопитна девојка која работи во фирма за маркетинг, а еден судбоносен ден е вовлечена во авантура со мистериозниот странец, Димитри. Одите по ред. Играте фино. Спроти зградата во која работи се наоѓа мистериозен објект, за кој таа и нејзиниот колега, Антон, постојано зборуваат и нафрлаат шпекулации за тоа што би можел да биде - од собиралиште на наркомани до клуб за проституција.

Една вечер откако ќе остане да работи до доцна, Рози забележува дека еден од прозорците на подрумот, кои инаку постојано се покриени, е осветлен. Иако кампањата на која работи треба да биде готова до утрото, таа тргнува да истражува. Но, не сѐ оди по планот.

На улицата пред зградата го сретнува Димитри, Русин кој дошол во Лондон во потрага по актерски прилики. Тој е мистериозен, секси и навистина необичен со неговите мустаќи. Тоа што ќе го видат низ прозорецот ќе ги фасцинира и маѓепса доволно за да посакаат да истражат уште.

„Перверзното Колаче“ е многу повеќе од место за среќавање на BDSM ентузијасти - тоа е простор за игра со зандани, будоари, соби за играње на улоги. Така кога Рози и нејзиниот нов пријател Димитри ќе успеат да влезат во него, мораат да ги убедат сите дека тие се вистинска BDSM двојка. Тоа не е лесно, кога се знаете со некого само неколку часа, но го даваат најдоброто до себе.

Задоволствата на доминацијата и потчинетоста се истражени, едно по едно, додека лажната динамика на Рози и Димитри не стане многу вистинска. Но колку зависи продлабочувањето на нивната емоционална врска од нивните заеднички сексуални искуства? И вистинскиот тест на нивната врска е дали можат да бидат заедно надвор од „Перверзното Колаче“ како и во неговите одаи.

М.Ј | бркајработа

 

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа