prsten-tolkin

Во Англија би требало да биде изложен златниот прстен кој го инспирирал славниот британски автор Џ.Р.Р. Толкин да ги напише книгите „Хобитот“ и „Господар на прстените.“

Писателот Толкин бил повикан од локалните власти да ја истражи приказната за историјата на прстенот, кој бил пронајден на југот на Англија во 1785 година.

Се претпоставува, според историските испитувања, дека овој прстен некогаш во минатото му припаѓал на римјанинот Силваниус,, на кој откако му бил украден, фрлил клетва на него. Прстенот има толку голема големина што може да се носи преку ракавица, а во внатрешноста на прстенот стои натписот на латински јазик: „Бог да го поживее Сеницианус.“

Клетвата била напишана на една плоча во еден храм на богот Ноденс, каде што пишувало „Меѓу оние што го носат името на Сеницијанус да нема трошка здравје сè додека тој не го врати прстенот во храмот на Ноденс.“

Како што пренесува „Associated Press“, изложбата во историскиот дворец Вајн, на југот на Англија, ќе ја прикаже историјата на прстенот, а посетителите ќе бидат повикани сами да донесат заклучок дали навистина се работи за фамозниот „прстен на Толкин“.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа