den-braun-kniga

Новата книга на славниот американски писател на трилери Ден Браун, кој ги напиша хитовите „Кодот на Да Винчи“ и „Ангели и Демони“, со наслов „Инферно" (Пекол) се појави во книжарниците оваа недела.

Се работи за четвртата книга каде што главен лик е универзитетскиот професор за симболика Роберт Лангдон, по „Ангели и демони" од 2000 година, „Кодот на Давични" од 2003-та и „Изгубениот симбол" од 2009 година. Овој пат дејствието е во италијанскиот град Фиренца, родниот град на средновековниот поет Данте Алигиери, каде познат гениј на биолошки истражувања смислил паметен план каде подметнал клучеви од сложувалки кои укажуваат на визијата на Данте за пеколот и 9те кругови, опишана во првиот дел од неговата „Божествена комедија", каде што пишува и за Чистилиштето и Рајот, но сепак тие делови останаа помалку популарни кај читателите. На Лангдон, како и секогаш, му се приклучува една девојка, која всушност е докторка со висок коефициент на интелигенција. Но проблем не е само како да ги открие сложувалките, туку тогаш се појавува и моќен непријател...

Критичарите оваа книга ја опишуваат како „коктел од висока култура и евтина напнатост“, книга во која ќе уживаат сите, како да гледаат акционен филм.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа