gototop

kreativ-pisateli-thumbКлубот на читатели од Скопје, првиот официјален клуб од тој тип, за кој ве информиравме подетално во една од претходните статии,  започна со опуштени и пријатни средби со македонски писатели во кафе барот Џубокс, кој со својот амбиент придонесува за уште порелаксирана атмосфера.

Модераторите велат дека овој начин на функционирање на клубот наидува на многу позитивни реакции од страна на членовите и читателите. Сепак, мораме да признаеме дека самата идеја за вакво оформување претставува огромен напредок за македонската читателска публика, затоа што конечно има каде да седнете и со голем број луѓе да ги споделувате вашите импресии и впечатоци од претходно одредената книга.

Првиот, кој воедно го "скрши мразот" беше писателот Александар Русјаков, со своето првенче "Ме сакаш ли под дождот", средбите продолжија со Ричард Мило и неговиот роман "Бог и бетон", за на крај, годината да се запечати со присуството на Томислав Османли и добро познатиот роман "Дваесет и првиот" - добитник на наградата "Роман на годината". Наредната средба е во недела, на 16.01.2011 година. Па ако не сте успеале да стигнете на претходната средба за да добиете автограм од Томи, не вознемирувајте се, ќе имате шанса тоа да го направите во недела, а исто така и да прокоментирате за романот "Каприча" (Томислав Османли).

Еве мала фото фалерија од средбата со Русјаков:

kreativ-pisateli-02kreativ-pisateli-05kreativ-pisateli-08kreativ-pisateli-01kreativ-pisateli-06kreativ-pisateli-04kreativ-pisateli-07kreativ-pisateli-03

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email