gototop
Pekolen_portokal-thumb„И? Сеа што праиме?“

Ремек-делото на Ентони Бурџис, Пеколен портокал, е сурова и застрашувачка приказна за темната страна на човекот и модерното општество, за озогласените деструктивни банди составени од млади луѓе кои штом падне мрак беснеат низ темните сокаци и претепуваат, силуваат и пљачкосуваат сè што ќе им се најде на патот, за новите методи на лечење на затворениците со неконвенционални шок-терапии што треба да го „одвикнат“ насилникот од вршење насилство. Бурџис нема милост за никој, па ни за читателот – тој експлицитно го опишува она што самиот го нарекува ултранасилството а бесчувствителното (или подобро безумно) општеството чија визија ја дава си поигрува со судбината на Вашиот скромен раскажувач и „друзја“ Алекс, чии страсти се дрогата, сексот, насилството и - „Деветката“ на Бетовен.

Основата за еден од најфамозните филмови на сите времиња, Пеколен портокал е истовремено виртуозна изведба на генијалниот прозен мајстор Ентони Бурџис и сериозното истражување на моралот на слободната волја.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email