Книги

Книгата ме привлече затоа што има добар, примамлив и сладок наслов... Чоколадо. Покрај тоа ме привлекоа и добрите критики кои ги има на задниот дел на корицата. Меѓутоа не згрешив што ја купив, книгата е добра и доследно си го носи името затоа што едноставно ја голташ до последната страница исто како што чоколадото го голташ до последната коцка. Па за да ве натерам да ја прочитате т.е за да ја разбудам вашата љубопитност ќе ви раскажам мал дел, а на вас ќе оставам да ја земете и проголтате во целост приказната.
Вилијан Роше заедно со својата ќерка Анук на денот кога има карневал се наоѓаат во француското село Ланскенет и по наговор на својата ќерка решава да останат во тоа мирно француско село, всушност некаде и треба да се задомат па може тоа да е и тука.
Изнајмуваат куќа која преходно била пекара ја средуваат и отвараат продавница за чоколади. Меѓутоа продавницата се наоѓа наспроти црквата и баш на денот на отварањето започнуваат Велигденските пости.
Отецот Рено препознава во продавницата сериозна опасност и нејзините производи ги прогласува за смртен грев. Но и покрај тоа во нејзината продавница доаѓаат жителите за да уживаат во нејзините специјалитети и набрзо тоа е место каде што се шепотат тајни, се остваруваат соништата и се олеснува болката.
Вијан има намера да организира Велигденски фестивал на чоколадото баш на денот Велигден - што ќе внесе раздор помеѓу неа и отецот, а тоа ќе се претвори во битка “црква, а не чоколадо“.
Патем само да напоменам дека според ова дело има снимено и филм кој сеуште го немам гледано. Ако ова ја разбуди вашата љубопитност ве оставам вие да дознаете што се случува понатаму.

чоколадоКнигата ме привлече со примамливиот и сладок наслов... Чоколадо. Следното нешто што ме привлече беа добрите критики. Не згрешив што ја купив, книгата е одлична  и доследно си го носи името, затоа што едноставно ја голташ до последната страница исто како што чоколадото го голташ до последната коцка.

Повеќе...

Самиот наслов вели дека ова е еден вид дневник на револуционерот Ернесто Че Гевара за време на неговото патување со мотор низ Јужна Америка.
На 23 годишна возраст тој ги напушта студиите по медицина и седум месеци патува со мотор низ Јужна Америка заедно со неговиот "компадре" Алберто. Овде тој нѝ овозможува слободно да ѕирнеме во еден дел од неговиот безгрижен живот во тој период!
Патувајќи тие се запознаваат со неподносливите услови за живот на луѓето кои боледуваат од лепра, го искусиле животот без пари, понекогаш дури и работеле за да добијат нешто за јадење... но биле толку упорни што не се вратиле дома ниту пак побарале помош.
За време на тоа патување Че лично се запознал со сиромаштијата и тешкиот животот во Јужна Америка.
Тоа што ме изненади во овој краток роман е  што авторот успеал доста сликовито и многу успешно да го пренесе портретот на Јужна Америка и животот во неа во тој период. Читањето на овој роман  за мене беше едно пријатно искуство како и запознавање со луѓето, нивниот живот и нивните обичаи во таа земја.
Што друго да напишам за да ви го привлече вниманието и да го земете во рака ова мало ремек дело? Не верувам дека ќе останете рамнодушни кон овој роман...

Дневникот на моторциклистот - Ернесто Че ГевараСамиот наслов вели дека ова е дневник на револуционерот Ернесто Че Гевара за време на неговото патување со мотор низ Јужна Америка...

 

Повеќе...

Да се каже за Девојка од милион долари: Приказни од аголот дека е роман во кој се зборува за боксот е исто како да се каже дека Моби Дик е роман за рибарење!!!
Сите "приказни од аголот" се посветени на боксот, а ликовите се проткаени со борбите, заземајќи место во темни вежбалници и боксерски арени!
Но приказната има во себе нешто повеќе од боксот и ако сте го гледале филмот Девојка од милион долари ќе знаете за што зборувам.
Боксот е основна тема затоа што се напишани од човек кој бил боксер и боксерски тренер со децении наназад.
Џери Бојд го пишува романот под псевдонимот Ф.Х.Тул и ако погледнеме поубаво тој е вистинскиот човек кој може да ја раскаже приказната баш поради тоа што го познава боксот детално. Тој го следел најважното правило додека ги раскажувал приказните: Пишувај за тоа што го знаеш!
Секој лик е приказна за себе понекогаш е слатка, понекогаш горчлива, но секогаш исполнета со љубов!
За содржината нема потреба да зборувам бидејќи не верувам дека некој сѐ уште ги нема прочитано шесте кратки приказни од овој роман или пак го нема гледано филмот, кој има освоено 4 оскари: за најдобар филм, за најдобра режија, за најдобра главна женска улога и за најдобра споредна машка улога.
Ако ова не е доволен показател дека станува збор за нешто неверојатно, тогаш одвојте неколку часа за да го прочитате делото и самите да се уверите!!!

Рецензија на книгата „Девојка од милион долари“Да се каже за Девојка од милион долари: Приказни од аголот дека е роман во кој се зборува за боксот е исто како да се каже дека Моби Дик е роман за рибарење!!!

Повеќе...

Тврдина - Меша СелимовиќДоколку ви се допаѓа Дервишот и смртта сигурно ќе ви се допадне и овој роман на Меша Селимовиќ. Тврдина исто така нè води во Бoсна во времето на Отоманската империја, кадешто главниот лик Ахмед, ислужен војник кој по војната започнува нов живот, е сам без своето семејство бидејќи сите се веќе мртви.

Повеќе...

селинџер почина неговата уметност се препородуваЏером Дејвид Селинџер е еден од најзначајните американски автори на дваесеттиот век. Тој, во средината на минатиот век ја издава "Игра во `ржта" со што се здоби со неверојатна популарност, слава и пари кои на најдиректен начин покажуваат како во ветената земја се стигнува од калта до ѕвездите.

Повеќе...

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа