Vip
taksirat-buraka-thumbВистинските познавачи и љубители на Таксират фестивалот знаат, а вчера и се потврди, дека без последниот артист, Таксират не е комплетно доживување.

Бурака Сом Система, португалската сензација комплетно ја крена од земја уморната публика и создаде прекрасна атмосфера на самиот крај на Таксират фестивалот. А на почетокот...

На почетокот отворија делчевчаните Верка. Момците коишто неодамна издадоа нов албум, со задоволство го презентираа пред верните фанови, кои мора да се признае, не беа во мал број иако практика е публиката на Таксират да доаѓа подоцна и да ги пропушта првите два бенда. Металците коишто со задоволство мешаат фолк звуци, стандардно извадија тапан на сцената и најавија одличен почеток на Таксират.

По нив, алтернативците Т.Б. Трачери се појавија на сцената, а фан поставата во првиот ред направи рокада. Колку што Верка имаа верна публика, истото може да се каже и за кумановските Трачери. Настапот беше во нивни препознатлив стил и со звукот којшто го негуваат вече две денецнии.

taksirat-clawfinger-02

Со Трачери завршија македонските претставници и на сцената се појавија Clawfinger. Шведскиот бенд е познат по својот „нежен“ метал звук, но пред македонската публика тие воопшто не беа нежни. Имаа одличен настап од самиот почеток, а фронтменот Зак Тел, стори се за да ја крене публиката. Дури, во еден момент ја прескокна оградата и отиде длабоко во публиката каде што се обидуваше да ги натера подзаспаните скопјани да ракоплескаат со него.

Откако очигледно тоа не му успеа, најде поинаква занимација, па ја испроба железната конструкција и од самиот врв испеа една песна. Секако, за време на нивниот настап љубителите на овој тип на музика не пропуштија да си ги испробаат можностите во „шутката“ пред бината. Нивниот звук беше добра забава и за оние коишто стоеа одстрана и ги чекаа останатите бендови, токму заради игривоста и не толку тврдиот метал звук. Настапот кој траеше околу еден час, заврши со овации од целата села, којашто веќе беше исполнета од речиси сите коишто беа решени да дојдат на Таксират 13.

taksirat-asian-dub-foundation-01

Крајно енергичен и забавен настап имаа Asian Dub Foundation којшто настапија по шведската група. Видливо беше воодушевувањето на скопјани коишто со нетрпение ги чекаа лондонските момци. Комбинацијата на тапанот со електронската музика во позадина одлично се вклопуваше со рапувањето, а сето тоа уште подобро го пренесоа на публиката којашто неколку пати ги пееше во глас рефрените на познатите песни. Изненадувачки голема публика очигледно имаат Англичаните во Македонија.

taksirat-fat-joe-01

Следен настапи Фет Џо, една од најголемите ѕвезди на главната вечер. Иако настапот траеше околу 40-ина минути, вистинските љубители на хип хоп стилот можат да го оценат како одличен. Оние другите беа очигледно незадоволни па дури на моменти и можеш да се слушне по некое „уа“. Имено, њујоршкиот рапер на скопската публика и презентираше широк дијапазон на рап стилови. Почна со „ganfsta rap“, па се префрли на House of Pain, оддаде почит на легендите Биги и Тупак, а изведе и неколку нумери од моментално популарни рапери. Секоја песна не траеше повеќе од една минута, а Џо како да сакаше да ја подготви публиката за неговиот голем хит Lean Back, на којшто секако целата скола полуде, но бргу се смири, бидејќи раперот продолжи да ги сецка песните. По половина час си замина од сцената, но неговиот диџеј и публиката успеаа да го вратат за да испее уште една песна, односно неговата соработка со Ашанти.

taksirat-fat-joe-03

На крајот и се заблагодари на публиката, кажа дека ги сака сите и си замина од сцената по неполни 40 минути.

Веднаш по него сцената се подготви за главните хедлајнери, Кајзер Чифс. Агресивниот настап го започнаа со нивната позната Every day „I love you less and less“ и беше очигледно дека статусот којшто го имаат, лесно ќе го оправдаат. Комплетниот настап беше беспрекорен и исклучително забавен. Рики Вилсон делуваше како да е некому лут па на неколку пати го фрлаше сталакот за микрофонот по сцената, потоа се симна од сцената и застана во првите редови пред публиката да пее, што очигледно му се допадна па не можеше да ја скрие насмевката. Шоуто коешто го приредуваше кулминираше кога и тој како и Зак од Clawfinger тргна да се качува по конструкцијата но стигна само до половина.

taksirat-kaiser-chiefs-03

Некаде на средина го изведоа својот најголем хит „Руби“ и може да се каже дека немаше ниту еден човек којшто не пееше со нив. Но тука не застанаа. Рики особено ја освои публиката кога микрофонот го префли преку истата железна конструкција на којашто тргна да се качува, па тој висеше одозгора. Со едноставно нишање, микрофонот стигнуваше длабоко во публиката. На тој начин заедно со Метрополис ја испеа „Oh my god“ по што нивниот одличен настап заврши.

taksirat-kaiser-chiefs-04

И тука следуваше кулмицнацијата на вечерта, а сите оние коишто си заминаа по големите ѕвезди можат само да жалат. Ако минатата година Оникс речиси ја срушија сцената, а предминатата Кирил Џајковски понуди неверојатно искуство, оваа година португалците Бурака Сом Система ја понудија најголемата забава на вечерта.

taksirat-buraka-02

Исклучително расположени, насмеани и шармантни, како на сцената така и вон неа, тие направија спектакл со својот заразен ритам и играњето на кудуро ритамот којшто го зајмат од анголската традиција. Двата перкусионисти од страните, заедно со диџјејот и тројцата пеачи на сцената делуваа многу моќно и ја натераа целата сала да заигра иако веќе беше на крајот на своите сили. Дури, дел од видно расположената публика, имаше можност да се качи и на бината и да заигра заедно со бендот. Тие побараа 10-15 девојки да се качат на сцената, што секако не беше проблем да се добие иако и неколку момци се префрлија, но бргу беа вратени назад. Атмосферата, се гледа на фотографиите во нашите галерии.

taksirat-buraka-03

taksirat-buraka-07

А доколку не можете тоа да го видите на фотографиите, погледнете го видеово, аматерско додуша, ама сосема јасно ќе ви биде како беше вчера за време на нивниот настап.

taksirat-buraka-10

Комплетниот впечаток, Таксират останува најдобриот македонски фестивал. Дури и оваа баксузна година, фестивалот помина фантастично. Се гледаме следната година.

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila