fonija

Скопскиот панк-рок бенд Фонија, во средата го промовираа својот прв спот снимен за песната Сè уште жив. Песната е дел од нивниот трет и најнов албум насловен како Зелен, Сончев ден, кој беше издаден во март годинава.

Спотот е режиран од страна на Бранко Аврамовски, а е сниман на неколку локации во Скопје. Во спотот, покрај членовите на бендот Стефан Ристовски, Дени Крстев и Кристијан Лафазановски, се појавуваат и Милан Јаневски, Неврус Бајрам, Александар Макаловски, Никола Исаиловски, Стефан Дојчиновски, Михаил Симјановски и Елена Крстева. 

Сите пофалби ги упатуваме на адреса на Фонија и се надеваме дека наскоро повторно пријатно ќе не изненадат со уште некој нов спот. Секоја чест дечки!

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа