Клубот на Млади на Црвен Крст Центар ве повикуваат на заедничко гледање на натпреварот Македонија – Србија во Белисимо кафе. По завршувањето продолжуваме со журка!
Одговорна за забавата ќе биде DJ Jussy P.
Целиот настан го носи епитетот хуманитарен поради тоа што ќе се наплаќаат „влезници” со симболична цена од 50 денари коишто ќе бидат наменети за семејството Димовски од долно Лисиче кое живее во крајно лоши услови со дете кое боледува од церебрална парализа.
Средствата кои ќе бидат собрани од оваа и од други акции ќе бидат искористени за помош на тоа семејство, купување на бела техника, средување на просторот за живеење, снабдување со пакети со храна, и набавка на лек за нивниот син Стефан!
Тројно задоволство, навивајте за победа, забавувајте се и пред сè бидете хумани.
