Сезоната на големите награди во светот на киното започна со церемонијата на доделувањето на „Златен глобус“.

Вчера филмот „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ ја освоија престижната статуетка во категоријата „драма“ и уште три награди – за сценарио, споредна машка улога и главна женска улога за Франсис Мекдорманд.

Мексиканецот Гилермо дел Торо ја освои наградата за најдобар режисер за „Shape of Water“. Гери Олдман беше избран за најдобар актер во филмска драма.

Ова е 75. то издание на наградите што ги доделува Здружението за странски новинари во Холивуд. Кино и телевизиските ѕвезди широко реагираа на повикот да бидат облечени во црно на церемонијата во знак на протест против сексуалното насилство и солидарност со жртвите.

И водителот на церемонијата, Сет Мејерс, не ја пропушти можноста да се пошегува дури и со оваа  тема.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа