Мини Маус цели 90 години гледала како ја "престигнуваат" бројни машки ликови и принцези на Дизни, вчера конечно доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. На церемонијата присуствуваше пејачката Кети Пери и манекенката Хајди Клум.

- Немојте да се прашувате на која подобро и стојат тоалетите со точки, бидејќи Мини секогаш ќе биде моја пријателка и не сакам да нè скарате - се нашали Кети. Додала и дека е воодушевена што имала чест да биде дел од прославата за заслужената ѕвезда.

- Откако 90 години го развеселувала и смеела целиот свет, навистина заслужи вакво признание - рекла пејачката која се облекла како својот омилен лик од Дизни.

miki-maus01

Американката, позната по провокативниот стил на облекување, ни сега не пропуштила да го покаже своето бујно деколте, кое го привлекувало вниманието на присутните.

Манекенката Клум пак, дошла во поскромно издание, но исто така облекла тоалета со точки.

Ликот на Мини прв пат се појавил во 1928-та година во филмот "Steamboat Willie". Нејзиниот филмски партнер Мики Маус својата ѕвезда на Булеварот на славните ја добил уште во далечната 1978-ма година.

miki-maus01

Требало да минат уште 40 години, за Мини, која се појавила во повеќе од 70 цртани филмови, да му се приклучи на Булеварот.

- Таа навистина глумеше одлично, но Мики ја зема целата слава - рекол извршниот директор на "Walt Disney", Боб Игер, на свеченоста на која била откриена 2.627-та ѕвезда на холивудскиот булевар.

miki-maus01

miki-maus01

miki-maus01

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа