Емина Јаховиќ го промовираше својот нов албум “Понатаму” во Белград, како и премиерата на песната за „Два авиона“ која Емина ја сними и отпеа во дует со Жељко Јоксимовиќ.

Облечена во црн проѕирен фустан од тантела, Емина налик на црн лебед блескаше на вчерашната промоција. Интересно е дека самата Јаховиќ е автор на сите песни на албумот.

На шестото CD на Емина има осум композиции, а песната „Два авиона“ е четвртиот сингл од ова издание, по големиот хит „Лимунада“ и песните „Карма“ и “Против сите“.

Занимливо е што улогата на продуцент Емина му ја довери на нашиот Дарко Димитров, додека видеото го реализирала продукцијата IDJVideos.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа