Големиот победник на церемонијата на 60-тото јубилејно доделување на „Греми“ наградите е Бруно Марс. RnB изведувачот беше почестен со шест награди, меѓу кои и најпрестижните – за најдобар албум и песна на годината.

Пет награди доби Кендик Ламар, меѓу кои и најдобра рап песна и најдобра рап изведба додека Ед Ширан доби две награди.

Канадската пејачка Алесија Кара ја доби наградата за најдобра нова изведувачка.

На Кери Фишер и беше доделено постхумно „Греми“ за аудио-запис на нејзините сеќавања од снимањето на „Војна на ѕвездите“.

Легендарниот Леонард Коен исто така беше постхумно почестен.

Церемонијата во Њујорк беше обележана со политички и социјални прашања, а многу ѕвезди носеа бели ружи како знак на солидарност со движењата против сексуалното вознемирување.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа