По успешната реализација на претставите ДА ГО ПОЗДРАВИШ И ДА МИ ГО БАЦИШ и ЕКСПЕРИМЕНТ, УЖЕГНАТОСТ е трета театарска претстава во продукција на Артопија – Скопје.

Претставата е работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на македонскиот театарски доајен Владимир Милчин.

Премиерата на претставата е закажана за среда(07.02.) во 21:00 часот, а репризното издание, ден покасно четврток(08.02.) во 21:00 часот.
Локација на изведба - Детски театарски центар, Стара Чаршија(бившо Кино Напредок).

IMG-7f1fed3ff49270f081821246b1741bb1-V

Цената на билетот е 300 денари.

Билети може да се набават и преку продажната мрежа на мк тикетс, на следниов линк: http://mktickets.mk/nastan/uzegnatost-07-02/ 

Секое време, си носи свое бреме... секој политички систем, си носи свои маани и предности... но постојат негативни општествени појави, човечко однесување и реакции, кои се провлекуваат низ сите периоди на човековото постоење, а посебно се потенцираат во системи и ситуации на режимско владеење.

Овој проект е суптилна критика на потчинетоста на одредена група „привилегирани“ луѓе(службеници), чија неспособност, безгласност и понизност служи
како алатка за манипулација на обичниот народ, од страна на „големите“ политички величини. 

УЖЕГНАТОСТ е театарска претстава, во продукција на „Артопија“ - Скопје, работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на Владимир Милчин. Во центарот на градот се наоѓа таинствената Бела палата. Граѓаните не знаат која институција е сместена во палатата. Службениците кои се вработени во неа постојано носат шапки. Граѓаните не знаат дека под шапките службениците носат путер. Тие носат шапки и под нив путер на главите и кога се на своите работни места во Белата палата, и кога одат по улица, и кога по работното време ќе појдат на пијачка. А кога ќе дојдат дома, ги симнуваат шапките и путерот го оставаат во фрижидерите за да не се истопи. Однатре, Белата палата е всушност огромен фрижидер во кој службениците седат со путер на главите. Платени се со путер на главите да ги пречекуваат шефовите кога овие, разбеснети поради проблемите, ќе влетаат и ќе се истурат врз главите на службениците. Ќе се олеснат врз наведнатите глави на службениците кои не знаат како изгледаат шефовите. Не смеат
ни да ги кренат главите. 

IMG-3589cc7d002c67f4eeadd1f895c7258e-V

Еден ден, системот доживеал хаварија. Во Белата палата снемало струја, путерот почнал да ужегнува, да се топи и да се слева по лицата на службениците. Подот на салата станал мочуриште од пожолтена смрдлива лигавица на која се лизнал еден од главните шефови и буквално се искршил на парчиња. И тогаш службениците сфатиле дека нивните шефови биле гипсени скулптури, пиедестали и скелиња...

Кафкијанската гротеска се расплеткува пред гледачите во текот на истрагата што ја води еден не многу агилен истражител кој со два прста удира по машината за куцање... Недемократските режими се можни и повторливи зашто секогаш ќе се најдат доволно луѓе кои се подготвени за ситни привилегии да го носат на главите путерот на господарите, тоа е пораката на оваа претстава, во која гледачите ќе го препознаат нашето време.

UZEGNATOST

Режија: Владимир Милчин
Играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан
Кирковски, Мартин Јорданоски
Сценографија: Крсте С. Џидров
Костимографија: Марија Пупучевска, Бранкица Јордановска
Превод од чешки и адаптација: Ема Маркоска Милчин
Технички координатор: Кирил Мечалов
Извршен продуцент: Радослав Гогушевски
Продуцент: Филип Николовски
Продукција: АРТОПИЈА - Скопје

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа