„Свадбата на Фигаро“, режирана од Грузиецот Леван Цуладзе, работена по текст на Пјер-Огистен Карон де Бомарше на 21-ви октомври премиерно ќе биде одиграна и на матичната сцена во Македонскиот народен театар.

ninolevi-saskokocev-slavisakajevski

За првпат беше изведена годинава на „Охридско лето“ понесувајќи одлични критики од тамошната публика. 

Иако режисерот Леван нема да присуствува на скопската премиера, тука се Сашко Коцев, Славиша Кајевски, Нино Леви, Сашка Димитровска, Драгана Костадиновска, Томе Витанов, Марија Новак, Николина Кујача и Кирил Поп-Христов - докажани професионалци кои ќе блеснат на сцената во комедијата за која долго време се зборуваше во Охрид ова лето. 

slavisa-dragana

„Свадбата на Фигаро“ е уште едно делче од проектот на МНТ за поставување на сцена дела од класичниот репертоар и заживување на комедијата како еден од најбараните театарски жанрови.

E.П | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium