По „Свадбата на Фигаро“, Македонскиот народен театар месецов го очекува уште една премиера.

psihoza-poster

Се работи за претставата „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски, која ќе се одржи на 29 октомври (сабота) во 20:00 часот на големата сцена на театарот. Проектот е во продукција на театарот „Квартет“.

Во претставата играат актерите Никола Ацески и Александар Ѓорѓиески, нови имиња на македонската професионална театарска сцена. И двајцата имаат своја улога во македонскиот „Хамлет“.

psihoza-1

Авторка на текстот е Сара Кејн - англиска драмска писателка која спаѓа меѓу најзначајните во последната деценија на 20 век, заедно со најталентираните претставници на нејзината генерација создаваат драмска форма, именувана „в лице“ (In-Yer-Face), нова тенденција која раскинува со конвенциите на натуралистичкиот театар.

psihoza-3

„4.48 Психоза“ е лавина од емоции еруптирани на лист хартија ставајќи го на испит европскиот алтруизам, политичките системи кои треба да му помогнат на човекот да го помине ова парче време дадено од Бога во некакво смирение, уметничките форми кои ја лимитираат творечката слобода и се разбира, се нурнува во лавиринтите на човековиот ум за да ја наговести кршливоста, кревкоста и несигурноста на духот, кој како меур од сапуница може да се распрсне при најмала пречка. „4.48 Психоза“ е совршениот текст за вивисекција на човекот на денешницата - нагласува Ѓорѓи Јолевски, режисер на претставата.

psihoza-2

psihoza-4

psihoza-5

Изборот на музиката е на Горан Путица. Дизајнот е на Ѓорѓи Јолевски. Аудиовизуелните материјали ги подготви Срѓан Јаниќијевиќ. Како гостин во претставата со својот глас учествува актерката Арна Шијак.

Билети во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 300 денари.
Резервации на :  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и 070 343 341

Е.П | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium