Московскиот театар - Болшој е отворен за посетителите по реконструкцијата во која се вложени 700 милиони долари, сè со цел - да се врати духот на театарот од 19 век.

bolshoj-1

Реконструкцијата траеше шест години, а целта беше да се вратат сите оние елементи што биле тргнати во комунизмот. Театарот, меѓу другото - доби и подземна сала. Главната сала на „Болшој“ по реконструкцијата има 1743 места. 

За време на своето постоење „Болшој“ или „Големиот театар“ е погоден од авионска бомба и пожар. Ова е трето обновување, по она во комунизмот кога тогашните власти ги отстраниле сите обележја од Царска Русија, со реконструкцијата што заврши денес со свеченото отварање - истите се повторно вратени.

bolshoj-2

bolshoj-4

bolshoj-5

Е.П | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium